А1 Македонија ја продолжува ексклузивната можност за учење дигитални вештини на бесплатната А1 Академија

a1-makedonija-ja-prodolzhuva-ekskluzivnata-mozhnost-za-uchenje-digitalni-veshtini-na-besplatnata-a1-akademija-01.jpg

  • Отворен повик за новиот модул „Бизнис аналитика“
  • Врвни експерти и ексклузивни предавачи
  • 3 недели напредна програма

Скопје, 3.10.2025 г.A1 Македонија продолжува со својата посветеност кон развојот на дигиталните вештини кај младите и го најавува модулот „Бизнис аналитика во рамките на својата едукативна платформа A1 Академија, која има за цел развој и унапредување на дигиталните и аналитички вештини кај младите. ­­Модулот стартува на 21 октомври и е наменет за млади од 18 до 25 години, кои сакаат да стекнат знаење и вештини во области какви што се анализа на податоци, визуализација на податоци, анализа на внатрешни бизнис фактори и примена на вештачката интелигенција во бизнис секторот. Со модулот „Бизнис аналитика“ младите ќе научат како да ја искористат моќта на податоците и вештачката интелигенција за реални бизнис-решенија.

„Наша визија е да им помогнеме на младите да станат двигатели на позитивни промени во дигиталната економија и активни учесници во бизнис-трансформацијата. Преку модулот Business Analytics, учесниците ќе стекнат вештини за анализа на податоци, критичко размислување и применa на вештачка интелигенција, кои се клучни алатки за носење информирани и стратегиски деловни одлуки. Веруваме дека инвестирањето во дигитални вештини е инвестиција во иднината на нашето општество. Ги охрабруваме сите млади што сакаат да се развиваат професионално, да ја искористат оваа можност и да го направат првиот чекор кон успешна кариера“, изјави Бранкица Толевска, раководителка на одделот за бизнис-трансформација, корпоративна стратегија и корпоративни комуникации во А1 Македонија.

Модулот ќе биде реализиран под менторство на искусен професионалец од областа на бизнис аналитиката, дополнет со гостинско предавање од професор на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Комбинацијата на академско знаење и реални индустриски искуства ќе овозможи збогатена и практично ориентирана програма, со фокус на применливи алатки и современи аналитички пристапи.

Досега повеќе од 300 млади и амбициозни учесници беа дел од Академијата и преку неа ги надградија своите дигитални вештини и се подготвија за предизвиците на современото работно опкружување. Академијата продолжува со својата мисија – да биде водечки двигател на квалитетна и иновативна едукација за младите генерации.

Сите заинтересирани можат да аплицираат на a1academy.a1.mk

Повикот е отворен до 15.10.2025.

По завршување на Академијата, секој учесник добива сертификат за стекнатото знаење.

Најчитани неделава