Октомври е клучниот месец за садење растенија. Што препорачуваат експертите?
- Детали
- вторник, 07 октомври 2025
Многу луѓе мислат дека со почетокот на есента, појавата на првите дождови треба да се одморат од градинарството. Но, експертите велат дека е точно спротивното – октомври е клучниот месец за садење растенија, зимзелени садници, па и пролетни луковици кои ќе блеснат уште рано на пролет!
Земјата е мека, надвор сè уште не е ладно, а садењето може да биде одлична рекреација.
Кои растенија треба да ги садите во октомври?
Според експертите од градинарскиот центар Фоја, сега е идеално време за садење, а ова се растенијата со кои никако нема да се згреши:
- Туја, убава декоративна, лесна за садење уште полесна за одржување
Позната по својата густа зелена крошна и лесното обликување.
Се користи како жива ограда, но и како самостојна декоративна форма. Брзо се прилагодува и не бара голема грижа, што ја прави идеален избор и за почетници. - Хризантемите – Најпознатите есенски цветници. Нема поубав есенски цвет кој внесува толку ведрина и позитивна енергија.
Освен убавината, хризантемата е симбол на радост, среќа и долг живот, па затоа секогаш носи позитивна енергија. - Магнолија- Има раскошни цветови најчесто во бела, розова или виолетова боја- зависно од видот.
Магнолијата е симбол на нежност и раскош, а еднаш засадена, станува главна атракција во дворот. - Photinia red robin Совршен избор за љубителите на нешто современо и впечатливо. Карактеристична е по младите листови со интензивна црвена боја кои се издвојуваат во силен контраст со темнозелените зрели листови. Се користи и како жива ограда, бидејќи лесно се обликува и секогаш изгледа декоративно.
Овие растенија не само што се лесни за садење, туку и одлично толерираат ниски температури – совршени за есенската градинарска сезона.