Социјален експеримент кој докажува - Животот без предрасуди е поубав!
- Детали
- петок, 17 октомври 2025
Помалите деца не гледаат проблеми каде поголемите велат дека ги има. Тие не знаат за предрасуди, за нив сеуште не постојат пречки, не им е важна возраста, бојата на кожа или различната националност.

Отворени се за дружење, за нив секој може да биде пријател, херој, спортист, другар.....препреки не постојат во нивните очи.
И замислете колку би ни бил поубав и поисполнет животот ако не ги прифаќаме влијанијата и предрасудите и би можеле да го продолжиме животот со емпатија, толеранција и позитивна енергија.
Токму за овој феномен Телеком направи еден едукативен социјален експеримент, кој ни потврди дека предрасудите не се вродени, туку дека се стекнуваат во подоцнежните години.
Одлично видео, уште подобра кампања на Телеком, која испраќа порака дека Без предрасуди се е поубаво!
Да научиме поинаку. Да ги надминеме предрасудите за да вистински се поврземе. #НаправиМесто
