Ноември е месец за едноставни здрави промени кои секој маж може да ги направи

Секоја година, со доаѓањето на ноември, разговорите за машкото здравје стануваат погласни. И тоа не затоа што се бара голема промена одеднаш, туку затоа што мажите премногу често ја ставаат својата благосостојба на пауза – за работа, за семејство, за обврски. Понекогаш и од инерција. Овој месец нè охрабрува токму спротивното: да се направи мал пресврт кој може да донесе голема разлика.

noemvri-e-mesec-za-ednostavni-zdravi-promeni-koi-sekoj-mazh-mozhe-da-gi-napravi-03.jpg

Иницијативата Мовембер започнала во Австралија во 2003 кога група пријатели кои сакале да привлечат внимание кон теми за кои ретко се зборуваше: редовните прегледи, менталното здравје, превенцијата. Но приказната со годините стана многу поширока. Мовембер денес е симбол на нешто поголемо: идеја дека мажите треба почесто да се запрашаат како се чувствувам, што ми треба, и што можам да направам подобро за себе?

Малите промени што прават голема разлика

Сè започнува со утрото. Неколку минути за движење, лесно истегнување или кратка прошетка можат да внесат енергија што цел ден ја носи. Не мора да биде тренинг – доволно е телото да добие сигнал дека го слушате.

Потоа доаѓа прашањето: Што ќе изберам да јадам денес?

Многу мажи се хранат во брзина, од навика или од недостаток на идеја. Но и овде малите решенија прават разлика.

Појадок што го поставува ритамот

Еден лесен и хранлив избор може да направи голема разлика. Пример, овесна каша со овошје или јаткасти плодови или јогурт со протеинска гранола за енергија и сила.

noemvri-e-mesec-za-ednostavni-zdravi-promeni-koi-sekoj-mazh-mozhe-da-gi-napravi-02.jpg

Ручек што носи рамнотежа

Наместо тешки оброци што заморуваат, избалансирана чинија со зеленчук, протеин (пилешко, јајца, сирење или растителна алтернатива) и интегрална основа нуди ситост без тежина. Таквиот избор го одржува тонусот и концентрацијата.

Ужина што ја стабилизира енергијата

Парче овошје, малку јаткасти плодови, житен бар или протеински бар се брзи, практични и подобри од слатки или брза храна. Мал детал, голема промена во текот на попладнето.

noemvri-e-mesec-za-ednostavni-zdravi-promeni-koi-sekoj-mazh-mozhe-da-gi-napravi-04.jpg

За десерт комбинација на палачинки со малку шеќер и протеински крем. Здраво, слатко и лесно за консумација.

Најважното е редовни прегледи и грижа за целокупното здравје

Ноември е идеален момент да се направат рутински контроли – крвна слика, кардиолошки преглед, уролог, или разговор со психолог доколку е потребно. Превенцијата е најсилната форма на грижа. Не затоа што постои страв, туку затоа што постои зрелост.

noemvri-e-mesec-za-ednostavni-zdravi-promeni-koi-sekoj-mazh-mozhe-da-gi-napravi-01.png

Мовембер не повикува на промени одеднаш, туку на размислување, свесност и мали, доследни чекори.
Доволно е една навика да се воведе како што се утринска прошетка, редовен појадок, нутритивна ужина, редовна физичка активност и тоа веќе е подобар почеток.

Здравјето е темел на добриот живот. А овој ноември, секој може да направи чекор кон поенергичен, урамнотежен и посвесен начин на живеење.

Најчитани неделава