Повеќе од храна: Како MAGGI внесува заедништво во секојдневниот живот
- Детали
- четврток, 20 ноември 2025
Постојат оброци што само нè заситуваат и постојат оброци што нè зближуваат. Ако добро размислиме, најубавите моменти дома никогаш не се случуваат кога сите сме во брзање, туку додека сите сме во кујната, додека нешто врие на шпорет, додека се смееме на истата шега и додека го делиме истото парче колач со вишни, директно од тавата.

Во брзото, модерно секојдневие, токму тие моменти најмногу ни недостигаат. И токму таму MAGGI ја носи својата вистинска магија не само како вкус, туку како повод за близина.
Храната како изговор за заедништво
Дома, трпезата е местото каде најмногу се зборува, најмногу се слуша и најмногу се расте.
Психолозите велат дека децата кои редовно јадат со родителите:
- имаат поголема самодоверба,
- подобро комуницираат,
- развиваат поздрав однос со храната и со себе.
А ние, возрасните? И нам ни треба некој мал ритуал што ќе нè потсети дека топлината не доаѓа само од шпоретот, туку од луѓето околу него.
Кога готвењето станува љубовен јазик
Без разлика дали готвиш сама по долг ден или со децата во недела наутро, постои нешто смирувачко во целиот ритуал на готвење.
Едно мешање супа, едно додавање зачин, едно „ајде пробај дали е доволно солено“ тоа се мали гестови на љубов. MAGGI одамна го препозна тоа. Нивните бујони, супи, зачини и нудли не се само „брза помош“, туку начин да го зачуваш домашниот вкус дури и кога времето го нема.
И токму затоа толку лесно се наоѓаат во кујните на модерните жени – практични, брзи, но уште поважно: создаваат простор за момент со себе и со најблиските.
Од трпеза до терен, MAGGI и ракометот
Заедништвото не се создава само дома. Понекогаш се создава и на спортски терен, во навивачки еуфории и во моменти кога цела земја дише како едно. Токму затоа MAGGI стана официјален спонзор на Ракометната федерација на Македонија, партнерство што ја продолжува истата приказна за топлина, тимски дух и вредности што нè поврзуваат.

„ Ракометот не е само спорт во Македонија, тоа е емоција, енергија и чувство на припадност. Во исто време, MAGGI е дел од секојдневието на македонските семејства веќе повеќе од 20 години,а таму каде што се собира семејството, се дели оброк и љубов. Кога ќе ги споите тие две енергии, домашната трпеза и спортската сала, добивате приказна која ги обединува луѓето. Затоа изборот беше природен, ракометот ги носи истите вредности како и нашиот бренд: заедништво, топлина, поддршка,“ вели Рената Матисуновиќ, Генерален директор за категорија храна за Југоисточна Европа во „Нестле“, жената која стои зад ова партнерство
Малите ритуали што прават голема разлика
Во секоја кујна има барем една традиција.
Кај некого тоа е супа секоја недела.
Кај некого брз ручек со нудли после работа.
Кај трети, омилена манџа што сите ја бараат „уште малку“.
Тие мали моменти се големите стабилности во секој дом. И токму тие ритуали, без да забележиме, создаваат чувство на припадност. MAGGI е дел од тие мали ритуали:
едно тенџере, една коцка бујон, една кесичка супа, малку зеленчук и за неколку минути домот повторно мириса на дом.
Затоа MAGGI не е само избор во кујната, туку придружник во секојдневието.
Бренд што инспирира да забавиме барем за миг, да сипеме супа, да наздравиме со лажици и да кажеме:
„Ајде да јадеме заедно.“