Нова функционалност во НЛБ мКлик: Брзо, едноставно и дигитално аплицирање за дозволено пречекорување

Кажете збогум на чекањето во редици и обемната документација. Отсега, НЛБ Банка ви овозможува да аплицирате за дозволено пречекорување на вашата платежна сметка или да го зголемите веќе одобрениот лимит каде и да сте, кога и да посакате, и целосно он-лајн преку мобилната апликација НЛБ мКлик. Процесот на аплицирање е брз, интуитивен и безбеден. Во моментот кога вашето барање ќе биде одобрено, вашите нови средства се достапни веднаш и без одложување.

nova-funkcionalnost-vo-nlb-mklik-brzo-ednostavno-i-digitalno-apliciranje-za-dozvoleno-prechekoruvanje-01.jpg

За да аплицираат онлајн, клиентите треба да имаат еден од мКлик пакетите со привилегија за плаќање, валиден документ за лична идентификација евидентиран во системите на Банката, активна платежна сметка и средства за наплата на апликативниот трошок.  

НЛБ мКлик е апликација која што ги нуди речиси сите банкарски производи и услуги на едно место.

Преку мКлик, клиентите можат брзо и едноставно да пристапат до сите свои банкарски податоци, да го проверат прометот и состојбата на сметките, да вршат интерни трансакции, да плаќаат режиски трошоци и други плаќања кон физички и правни лица, да префрлуваат средства на пријатели или да аплицираат за кредит и кредитна картичка, како и да користат низа други услуги.

За беспрекорно управување со своите финансии, клиентите можат бесплатно да ја преземат апликацијата НЛБ мКлик од PlayStore или AppStore.  

nova-funkcionalnost-vo-nlb-mklik-brzo-ednostavno-i-digitalno-apliciranje-za-dozvoleno-prechekoruvanje-02.jpg

Најчитани неделава