Нова поволност со HalkEZ пакетот за млади: Бесплатни FitKit кредити за секој нов корисник

Халкбанк АД Скопје ја надградува понудата за млади со нова, корисна поволност која совршено го следи динамичниот и активен животен стил на генерацијата што сака флексибилност.

nova-povolnost-so-halkez-paketot-za-mladi-besplatni-fitkit-krediti-za-sekoj-nov-korisnik-01.jpg

Од овој месец, секој нов корисник што ќе отвори HalkEZ пакет добива 10 FitKit кредити, кои може да ги искористи за пристап до широката FitKit мрежа - фитнес центри, теретани, јога студија, пилатес, рекреативни активности, велнес и спа простори.

Поволноста важи само за нови корисници на HalkEZ пакетот, а кредитите може да се користат во период од една година од датумот на отворање на сметката.

FitKit е платформа која им овозможува на корисниците слобода да изберат активност според расположението, местото и времето што им одговара, без долгогодишни членарини и притисок да бидат „совршено конзистентни“. Токму затоа поволноста природно се надоврзува на духот на HalkEZ пакетот креиран за младите кои учат, брзаат, експериментираат, грешат и постојано растат.

„Младите живеат динамично, а нивниот ден често изгледа различно од вчерашниот. Со FitKit поволноста сакаме да им понудиме уште една флексибилна опција за грижа за себе, без притисок и без губење време за планирање“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк.

Новата поволност го надополнува пакетот кој веќе нуди практични решенија за младите:

●        Подигнување готовина од банкомати во земјата и во странство без провизија со Виза дебитна картичка за млади.

●        Без надомест за водење на платежна сметка.

●        Бесплатен пристап до електронско и мобилно банкарство.

●        SmartSend - брзо и едноставно префрлање средства со еден клик на контактите од телефонскиот именик.

●        SmartCash - подигање готовина од банкомати на Халкбанк без употреба на картичка.

●        Е-касичка - можност за автоматско штедење на „кусурот“ при секое плаќање со картичка.

●        Можност за бесконтактно плаќање со Garmin часовници.

●        Низа дополнителни промоции и поволности специјално наменети за младите.

HalkEZ продолжува да го следи активниот живот на младите, нудејќи им банкарство што е функционално и прилагодено на нивното реално, несовршено совршено секојдневие.

Дознајте повеќе детали за новата поволност тука.

Најчитани неделава