Black Friday попусти до -50% на брендовите на Fashion Group!

Најочекуваниот викенд за шопинг е пред нас! Дочекај ги Black Friday намалувањата во сите продавници на Fashion Group и онлајн! Ве очекуваат до -50% попуст на актуелните колекции за есен-зима 25 во вашите омилени брендови, за шопинг како никогаш досега!

black-friday-popusti-do-50posto-na-brendovite-na-fashion-group-01.jpg

Сега е одлично време да ја реализирате вашата листа на желби и да си ги направите најдобрите модни комбинации за сезонава!

Black Friday понудaта е одличен момент и за шопинг онлајн, а вие што веќе ја користите Fashion Group апликацијата знаете и за опцијата омилени производи, па сега е идеално време да се потсетите што има на тој список и да се почестите со некое парче.

Одберете си ја омилената зимска јакна, чизми, шал и безброј модни додатоци за претстојните зимски денови. Или пак, ако уште од сега размислувате за празничната сезона, тогаш одберете си ја омилената кошула, фустан или здолниште и купете ја пред другите.

А изгледот не е комплетен без шминка, така што кога ќе ја правиш шопинг обиколката, не пропуштај да ги видиш и продавниците на Kiko Milano каде исто така те очекуваат супер промоции и тоа -20% на два купени производи, -30% на три купени и -40% на четири или повеќе купени производи.

Токму овој викенд со себе секогаш носи некоја посебна магија со оглед на тоа што истиот е можеби предвесник за најубавата сезона што е пред нас, сезоната на новогодишните празници.

Повеќе од доволни причини за викенд шопингот да започне и заврши токму во Fashion Group!

Најчитани неделава