Интервју со Мери Ничкова од Инфинити Травел: „Секое патување е уникатно и секој клиент е наша инспирација“
- Детали
- понеделник, 01 декември 2025
Инфинити Травел е пример како страста кон патувањата, професионалноста и грижата за клиентите создаваат бренд кој инспирира доверба. Под водство на Мери Ничкова, агенцијата расте стабилно и сигурно, следејќи ги светските трендови и поставувајќи нови стандарди во туристичките услуги. Во време кога патувањето значи многу повеќе од едноставно движење од точка А до точка Б, ваквите агенции ја пишуваат новата приказна на македонскиот туризам – приказна за услуга, искуство и бесконечни можности.

Во ова интервју разговараме со Мери Ничкова, доктор на науки по бизнис менаџмент во туризам и основач на Инфинити Травел. Љубовта кон туризмот ја носи уште од студентските денови на Универзитетот во Скопје, каде што ги завршува високото образование и магистерските студии, а подоцна работи и како асистент цели десет години.
Иако идејата за сопствена туристичка агенција се раѓа уште тогаш, денес таа е преточена во успешен бизнис кој зад себе има стотици реализирани патувања. Најголема инспирација за Мери остануваат задоволните клиенти кои повторно и повторно ѝ го доверуваат своето следно патување.

Кажете ни повеќе за Инфинити Травел – какви услуги нудите и што најмногу се бара оваа година?
Инфинити Травел е тур-оператор со А лиценца, а не само туристичка агенција. Нудиме целосен туристички сервис – сместување, трансфери, авионски билети и 24/7 грижа за клиентите. Постковид периодот ја промени побарувачката, па денес се бараат далечни дестинации кои не беа актуелни изминатата деценија, како Јапонија, Шри Ланка, Кинескиот триаголник, Мароко со царските градови.
Инфинити Травел постои шест години, а довербата ја градиме секојдневно. Ги слушаме потребите на клиентите и заедно со нив растеме. Клучни за нашиот развој се посветеноста, конзистентноста, лојалноста и довербата.

Како ги креирате новите туристички програми?
Туристичките програми ги креираме врз основа на потребите на пазарот, преку следење на светските трендови и редовна посета на туристички саеми ширум светот.

Што им е најважно на патниците денес?
На клиентите денес најмногу им значи грижата, професионалниот пристап и човечкиот контакт со тимот на нашата агенција.

Како реагирате кога ќе се појави проблем на патување, како откажан лет?
Од моментот на резервација до враќањето дома, ние се грижиме 24/7 за нашите клиенти. Во случај на откажан лет веднаш нудиме алтернативна авио-компанија или конекција за да ги вратиме безбедно дома. Променети рути речиси и не ни се случуваат, бидејќи функционираме професионално и внимателно.

Кои се најактуелните трендови во светскиот туризам во моментов?
Најновите трендови ги пренесувам од моето последно патување во месец ноември на Саемот за туризам во Лондон. Дигитализацијата е најзначајниот глобален тренд во туристичката индустрија и токму на тоа ќе се фокусираме во следниот период.

Со какви предизвици се соочува една жена-претприемач во туризмот?
Предизвиците за жените претприемачи во туристичкиот сектор не постојат бидејќи ние предизвиците ги претвораме во успех.

Што би им порачале на младите жени кои размислуваат да започнат сопствен бизнис во туризмот?
Започнете веднаш! Жените се храбри, преземаат ризик и затоа постигнуваат успеси во своите професии.

Кои дестинации ги препорачувате за оние кои првпат патуваат со вас?
Ќе оставиме мал хинт за нашите потенцијални клиенти – дојдете во Инфинити Травел. Патувањата кај нас се бесконечни, исто како и Универзумот.

Каде ја гледате агенцијата за пет години?
Со туристички експозитури на Инфинити Травел низ Европа.