The Watch Club Skopje со втора локација, нов клуб за љубителите на часовници во East Gate Mall
- Детали
- четврток, 11 декември 2025
По пет успешни години присутни на македонскиот пазар, The Watch Club Skopje ја проширува својата приказна со отворање на нова, втора продавница, овојпат во East Gate Mall, на првиот кат, веднаш спроти Stradivarius и кафулето Literatura.

Како дел од повеќедецениска традиција во часовничарството и сервисирањето на часовници, брендот ја гради својата препознатливост врз темелите на доверба, квалитет и страст кон времето. Токму затоа нивниот слоган „Секоја секунда е важна“ не е само порака, туку филозофија по која функционира целиот тим.
The Watch Club Skopje е мултибренд продавница со богато и внимателно селектирано портфолио кое ги опфаќа: Orient, Ingersoll, Swiss Military, GANT, VOGUE, Pierre Lannier, Pierre Cardin, Slazenger, Casio, Just Cavalli, како и ексклузивни италијански брендови за накит Sagapo и Brand Gioielli.
Компанијата веќе пет години успешно работи со својата прва продавница во Ramstore Mall, а новата локација во East Gate Mall претставува дополнителен чекор кон подобра достапност и збогатено искуство за сите љубители на часовници и модни додатоци.
Важен сегмент од брендот е и професионалниот сервис, основачот на компанијата, со долгогодишно искуство во занаетчиското часовничарство, секојдневно врши целосен сервис и одржување на часовници, што претставува дополнителен гарант за квалитет и доверба.
По повод отворањето на новата локација, The Watch Club Skopje нуди ексклузивна промоција, 30% дополнителен попуст на сè, вклучително и на веќе намалените производи.
Попустот важи онлајн со код: GIFT30 на www.watchclub.mk но и во двата продажни салони.
Со проширен простор, поголема понуда и врвна услуга, новата локација на The Watch Club Skopje во East Gate Mall е уште една причина повеќе да го пронајдете часовникот кој најдобро ја кажува вашата приказна.