The Founder Games ја најавува новата сезона и го отвора повикот за учество во регионалната стартап акцелераторска програма

The Founder Games, првиот регионален формат што комбинира реално ТВ-шоу и стартап акцелератор, официјално го најавува стартот на новата сезона и отвора повик за сите амбициозни стартапи од регионот кои сакаат да станат дел од најинтензивното и највидливо претприемачко искуство на Балканот.

the-founder-games-ja-najavuva-01.JPG

По успехот на првата сезона која ги следеше 40 стартапи од 15 земји низ реални предизвици, инвестициски состаноци и бизнис-симулации, The Founder Games продолжува да ја гради својата визија за трансформација на стартап- косистемот преку автентична, необработена и длабоко човечка приказна на претприемачите.

Сезона 1 – Достапна на Voyo и Gley, а наскоро и на Player+

Првата сезона моментално е достапна на платформите Voyo и Gley, додека Player+ ќе ја додаде во својата понуда наскоро. Епизодите се емитуваа и на националната телевизија Телма, што овозможи претприемачките приказни првпат да стигнат до широка локална публика.

the-founder-games-ja-najavuva-02.JPG

Сезона 1 донесе силни резултати и реални бизнис-исходи:

● Над 10% од стартапите обезбедија инвестиција за време на програмата
● 30% започнаа со приходи
● 50% преговараат за нови инвестициски рунди

the-founder-games-ja-najavuva-03.JPG

Публиката реагираше со силен интерес кон автентичниот пристап кој е без сценарио, без гламур, само реална претприемачка борба, притисок, падови и победнички моменти.

the-founder-games-ja-najavuva-4.JPG

Повик за учество во новиот циклус на акцелераторската програма

Паралелно со снимањето на новата сезона, се отвора и повикот за влез во програмата која комбинира:

● менторство со експерти од регионот и светот,
● предавања и работилници
● реални бизнис-симулации,
● директни средби со инвеститори,
● и интензивни предизвици дизајнирани да го забрзаат растот во услови на притисок.

the-founder-games-ja-najavuva-05.JPG

Стартапите ќе се соочат со серија предизвици инспирирани од вистински ситуации како кризен PR, B2B продажба, инвестициски аукции, антипичинг, storytelling, и други модели на учење преку акција, методологија што ја докажа својата ефективност во сезоната 1.

Оваа година се очекува уште поголемо учество на инвеститори, партнери и корпоративни лидери од регионот, Европа и пошироко.

the-founder-games-ja-najavuva-6.JPG

The Founder Games – повеќе од ТВ-шоу

The Founder Games е нова категорија – комбинација од образование, забава и претприемачка акцелерација.

Целта е јасна:

- да се отвори претприемништвото кон јавноста,

- да се инспирира новата генерација основачи,

- и да се изгради платформа која ги надминува границите на класичните телевизиски и акцелераторски формати.

the-founder-games-ja-najavuva-7.JPG

Апликациите се отворени

Стартапите во pre-seed или seed фаза, со MVP и приближно 100 дена до пазар, се поканети да аплицираат.
Ќе бидат избрани 20 тима кои ќе бидат дел од акцелераторската програма и од новата сезона на реалното шоу, што е предвидено овој пат да биде снимано на мега јахта на отворено море следната пролет.

Линк за апликации ТУКА

Рокот завршува на 25.12.2025 год.

the-founder-games-ja-najavuva-8.JPG

the-founder-games-ja-najavuva-9.JPG

the-founder-games-ja-najavuva-10.JPG

Најчитани неделава