Со голема донација во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, Mozzart ја заокружува својата приказна на хуманост за 2025 година

Најубавите дела секогаш се оставаат за крај – токму така компанијата Mozzart ја завршува оваа година, со гест кој носи надеж и светлина.

so-golema-donacija-vo-bolnicata-01.JPG

Во специјалната болница „Свети Еразмо“ во Охрид пристигна вредна донација – современ ортопедски трауматолошки борер, апарат кој ќе ја олесни работата на лекарите и ќе им овозможи на пациентите побрзо и поквалитетно лекување.

„Нашата благодарност кон Mozzart е огромна. Оваа донација е од исклучително значење за нас – апаратот го скратува времето на операциите и го зголемува нивниот квалитет. Со гордост можам да кажам дека добивме една од најсовремените опреми, донација која ретко која компанија би можела да ја обезбеди,“ истакна директорот Харалампие Шокаревски.

so-golema-donacija-vo-bolnicata-02.JPG

Оваа болница, единствена од својот вид во државата, е место каде што доаѓаат пациенти од сите градови. Токму затоа, значењето на донацијата е уште поголемо.

„Горди сме што успеавме да ја реализираме оваа донација во болницата Свети Еразмо. Најубаво е кога годината ја завршуваме со дело кое носи добрина и надеж,“ изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.

so-golema-donacija-vo-bolnicata-03.JPG

Mozzart ја започна 2025 со хуманост, а ја завршува на ист начин – со срце и грижа за луѓето. Со нови големи проекти, компанијата чекори со сигурност и подготвеност кон 2026 година, носејќи ја истата порака: хуманоста е најголемата победа.

so-golema-donacija-vo-bolnicata-04.JPG

so-golema-donacija-vo-bolnicata-05.JPG

so-golema-donacija-vo-bolnicata-6.JPG

so-golema-donacija-vo-bolnicata-07.JPG

Најчитани неделава