Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Од 15 до 28 декември, во Тинекс Зебра, се реализира хуманитарната иницијатива Angel Tree, која има за цел да ги исполни новогодишните желби на деца од социјално загрозени семејства.

angel-tree-vo-tineks-zebra-humanitarna-inicijativa-shto-nosi-praznichna-radost-001.JPG

Преку избор на „ангелска“ картичка и донирање подарок, граѓаните можат директно да придонесат кон создавање празнична радост и топлина за најмладите.

Целта на иницијативата која Тинекс ја спроведува во соработка со Центарот за Социјална Иницијатива – Надеж, е да се обезбеди празнична радост за деца од маргинализирани заедници преку исполнување на нивните новогодишни желби. Во рамки на акцијата, во трговскиот центар Зебра е поставено симболично „ангелско дрво“ со картички, од кои секоја претставува едно дете и неговата конкретна потреба или новогодишна желба.

angel-tree-vo-tineks-zebra-humanitarna-inicijativa-shto-nosi-praznichna-radost-01.JPG

Сите посетители на Тинекс Зебра имаат можност да се вклучат во иницијативата со тоа што ќе изберат картичка од елката, ќе ја прочитаат желбата, ќе го купат наведениот подарок и ќе го остават во означената кутија до дрвото. Подарокот потребно е да биде спакуван и означен со соодветната картичка, за да може да биде доставен на вистинското место.

Организаторите на иницијативата се задолжени за собирање и навремена дистрибуција на подароците, со цел тие да стигнат до децата пред празниците.

angel-tree-vo-tineks-zebra-humanitarna-inicijativa-shto-nosi-praznichna-radost-02.JPG

Преку оваа акција упатуваме повик до јавноста да се вклучи и да придонесе кон создавање празнична магија и топлина за оние на кои им е најпотребна.

Биди ангел и донеси празнична радост.

Најчитани неделава