Промовиран родителскиот водич „Оригами“ од д-р Камелија Симеонова
- Детали
- понеделник, 22 декември 2025

Во присуство на над 200 посетители, во хотел „Хилтон“ беше промовиран првиот родителски водич „Оригами“, чиј автор е д-р Камелија Симеонова – специјалист по детска и адолесцентна психијатрија од Клиничката болница Аџибадем Систина.

Настанот привлече голем интерес од родители, професионалци и пошироката јавност, потврдувајќи ја актуелноста и значењето на темите што книгата ги отвора.

Во своето прво авторско дело, д-р Симеонова се осврнува на најчестите ситуации и сценарија што предизвикуваат силни емоционални реакции кај тинејџерите, нудејќи јасни, практични и применливи насоки за родителите. Целта на водичот е да помогне во подобро разбирање на адолесцентниот период и да придонесе кон намалување на недоразбирањата и конфликтите во семејството.


Каде може да се купи „Оригами“?
Родителскиот водич „Оригами“ од д-р Камелија Симеонова е достапен:
Oнлајн преку платформата kniga.mk
Во книжарниците на ТРИ.





