Македонски Телеком го продолжува партнерството со Ракометната федерација

Македонски Телеком продолжува да го поддржува македонскиот спорт и застанува покрај Ракометната федерација на Македонија и во наредната година. Телеком е спонзор на националниот тим уште од 2018 година и е дел од ракометната приказна на Македонија со децении наназад.

makedonski-telekom-go-prodolzhuva-partnerstvoto-so-rakometnata-federacija-01.JPG

Горан Марковиќ, Главниот извршен директор на Македонски Телеком, ги посети репрезентативците коишто се подготвуваат за претстојното Европско првенство коешто ќе се случува во јануари 2026 година во Данска, Норвешка и Шведска.

makedonski-telekom-go-prodolzhuva-partnerstvoto-so-rakometnata-federacija-02.JPG

„Вистинска чест е што можам да ве поздравам и да ви посакам истрајност во предизвикот што ве очекува. Од сопствено спортско искуство, знам дека вредностите научени на теренот важат секаде. Тимската работа, тимскиот дух и сплотеноста кон заедничката цел се посилни од секој противник. Нашата поддршка на спортот е долгорочна и искрена затоа што веруваме дека преку партнерство силните тимови се двигатели на победата како во спортот, така и во општеството. Ви посакувам успех и знам дека целата нација е со вас“, рече Горан Марковиќ, Главен извршен директор на Македонски Телеком.

makedonski-telekom-go-prodolzhuva-partnerstvoto-so-rakometnata-federacija-03.JPG

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, се заблагодари и рече:

„Продолжувањето на соработката со Македонски Телеком претставува уште една потврда за заедничката визија и долгорочната поддршка на македонскиот ракомет. Македонски Телеком е пример за успешна и општествено одговорна компанија, којашто континуирано вложува во спортот и во заедницата, а за нас е чест и привилегија да бидеме дел од вакво партнерство и заедно да продолжиме да го поддржуваме развојот на македонскиот ракомет.“

makedonski-telekom-go-prodolzhuva-partnerstvoto-so-rakometnata-federacija-04.JPG

Преку ова партнерство, Телеком ја потврдува својата долгорочна посветеност на развојот на спортот, што носи вистински вредности и ја обединува нацијата. Следната година заедно со Ракометната федерација на Македонија, Телеком ќе работи и на развојот на ракометот како омилена дисциплина на младите со организација на младински турнири низ земјата.

Најчитани неделава