Преслатки подарок сетови во dm: сите ги сакаат, а секогаш поволните цени ги прават уште поатрактивни!
- Детали
- понеделник, 29 декември 2025
Во пресрет на новогодишните празници, многу купувачи брзаат во dm за да купат подароци за своите најблиски. Асортиманот во dm продавниците е доста богат и има по нешто за секого.
Кога станува збор за подароци, многу луѓе немаат идеја што да им купат на своите сакани за празниците и да им измамат насмевка на лицето. За среќа, во dm има подарок сетови кои ќе ги воодушеват жените, мажите, па дури и најмладите.
Balea Magical Times подарок сет
Подарок сетот Balea Magical Times е идеален избор за зимските денови. Овој магичен сет содржи спреј за тело и балсам за усни кои ќе ви ја доближат зимската магија. Топлиот и пријатен мирис на портокал и ванила ги буди сетилата и дава чувство на удобност. Балсамот за усни интензивно се грижи за усните и ги штити од сушење, правејќи ги меки и мазни.

alverde Herzensmensch подарок сет
Подарок сетот Herzensmensch од природната козметика alverde комбинира три производи за нега, со цветен мирис и внимателно одбрани состојки. Кремот за раце ги негува сувите раце со органски шеа путер и органско соино масло, оставајќи ги меки. Лосионот за тело ѝ дава кадифено чувство на кожата, хидрирајќи и ублажувајќи ја затегнатоста. Гелот за туширање нежно ја чисти и ја остава кожата убава и нежна.

Balea Relax & Harmony подарок сет
Подарок сетот со крем-гелови за туширање е совршен придружник за краток одмор и благосостојба. Убавите зимски мириси обезбедуваат релаксирачко искуство при капењето. Нежната формула нежно ја чисти кожата и остава кадифено чувство.

Balea MEN подарок сет за нега на брада
Подарок сетот Balea MEN за нега на брада обезбедува максимална грижа за брадата, косата и лицето. Сетот содржи три производи за нега на брада, коса и лице: 2 во1 шампон и регенератор за брада, 2 во 1 масло за брада и бричење и 2 во 1 крем за обликување на брада. Шампонот и регенераторот имаат избалансирана формула со комплекс за обновување кој нежно ги чисти влакната, но и кожата под нив. Маслото за брада и бричење содржи формула од рицинусово масло која ги храни влакната на брадата и кожата под нив. Кремот за обликување на брада има хранлива формула со кокосово масло и шеа путер кои обезбедуваат мазност и мекост. Кремот за стилизирање се карактеризира со мал степен на зацврстување, лесен е за чешлање и не ја масти косата.

Balea MEN Arctic Moods подарок сет
Подарок сетот со гелови за туширање Balea MEN ARCTIC MOODS обезбедува вистинско освежување и нуди уникатно мирисно искуство секој ден, благодарение на различните мириси. Релаксирачкиот гел за туширање има свеж мирис, енергичниот гел за туширање има освежителен мирис на цитрус, додека Sensual гелот за туширање нуди топол, сензуален мирис. Тие нежно ја чистат кожата и го штитат нејзиниот природен заштитен слој.

Во духот на Нова година, поттикнете љубов и позитивна енергија околу вас. Подарете радост, насмевки и топлина со секогаш поволните производи од dm. Нека вашите подароци бидат одраз на вашите најдлабоки чувства и желби за иднината. Затоа, не чекајте! Пронајдете повеќе инспирација тука, изберете подароци од dm и направете ја оваа Нова година посебна за вас и вашите најблиски. Нека секој подарок биде мал дел од вашата љубов и внимание, и нека донесе радост во секој дом!