Сопругата на Таско, Таша Реј: „Додека пиеше до отупување, јас останав покрај него, a неговите не ме сакаа за снаа“

„Пу, ку*во тетовирана“ – вака ѝ се обратил 45-годишен маж на дизајнерката Ивана Кнез додека чекала ред на каса.

soprugata-na-tasko-tasha-rej-dodeka-pieshe-do-otupuvanje-jas-ostanav-pokraj-nego-a-negovite-ne-me-sakaa-za-snaa-01.JPG

Токму со оваа шокантна, но вистинска случка започнува последната епизода на емисијата „Нешто Конкретно“, која отвора длабока и чувствителна тема – стигматизацијата на тетовираните луѓе во македонското општество.

„Ќе речеш еманципиран, цивилизиран човек… а вака ми се обрати“, раскажува Ивана Кнез, објаснувајќи дека нејзиното тетовирање започнало како начин да се справи со длабока душевна болка.

„Почнав да се тетовирам затоа што морав некако да се носам со болката. Подобро да ме боли физички, отколку постојано да ја чувствувам другата болка“, вели таа.

На истата тема се надоврзува и Таша Реј, сопругата на раперот Таско, која важи за една од најтетовираните жени во Македонија. Таа открива дека нејзиниот пат кон тетоважите започнал по смртта на нејзиниот татко во 2009 година.

„Не знаев како да се носам со загубата. Морав некаде да избегам, и побегнав во оваа уметност – цртање на телото“, раскажува Таша, додавајќи дека мајка ѝ и сестра ѝ ѝ биле целосна поддршка.

soprugata-na-tasko-tasha-rej-dodeka-pieshe-do-otupuvanje-jas-ostanav-pokraj-nego-a-negovite-ne-me-sakaa-za-snaa-02_copy.JPG

Иако доаѓа од семејство со силен спортски и јавен углед – нејзиниот татко е Љупчо Неделковски, основоположникот на Кик-бокс федерацијата во Македонија – осудата за Таша дошла подоцна.

„Не бев прифатена визуелно од родителите на Таско. Не ме познаваа, не ми ја знаеја душата – им пречеше само тоа што го гледаа“, искрено споделува таа.

Сепак, приказната не завршува со пораз.

„Не се предадовме. Подоцна родителите ни се извинија, а денес со свекрвата сме како најдобри другарки“, заклучува Таша.

Епизодата отвора и други важни прашања – за личната трансформација и напуштањето на пороците. Ивана Кнез зборува отворено за својата борба со зависноста од храна и реакциите од околината по слабеењето.

„Пола од другарките ми се налутија кога ослабев – од типот: ‘Остани си дебела, што ќе ти е сега да си слаба?’“

soprugata-na-tasko-tasha-rej-dodeka-pieshe-do-otupuvanje-jas-ostanav-pokraj-nego-a-negovite-ne-me-sakaa-za-snaa-03.JPG

Таско, пак, открива дека одлуката да го остави алкохолот значела и губење на цел круг пријатели.

„Пиев. Многу пиев – до отупување. Не бев способен за ништо. Кога престанав, некои ме доживеаја како предавник“, признава тој.

На прашањето зошто Таша не се откажала од него и во најтешките моменти, нејзиниот одговор беше едноставен:

„Кога е најлошо – тогаш најмногу му требам.“

Во епизодата беше и Борче Секуловски попознат под псевдонимот Боро Коса, кој како исклучително впечатлива појава со својот хумор нагаласи-Јас си тетовирам цвеќиња на телото и кога ќе ме прашаат за тетоважите им викам-Јас сум цветна градина и им ја затварам устата!

Целата епизода на „Нешто Конкретно“, која ги отвора темите за тетоважите, осудата, загубите, љубовта и прифаќањето, е достапна на YouTube

Најчитани неделава