Четири медали за каратистите на „Макпетрол” од интернационалниот турнир „Гранд при Кроација”
- Детали
- понеделник, 19 јануари 2026
Каратистите на Макпетрол освоија Четири медали од кои – 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени медали на Меѓународниот турнир Карате Гранд при Кроација во Риека, Хрватска.

На турнирот настапија 1270 каратисти со 1571 натпреварувачки влезови од 26 држави, односно 233 клуба.
1.Данило Божовиќ (-84 кг) во синиорска конкуренција златен медал,
2 Јована Мицовска (У21 -61 кг) сребрен медал,
3. Стефан стојанович +84 кг бронзен во сениори и
4. Јована Мицовска (-61 кг) бронза во сениори
5.Викторија Јовановска има пласман на петто место во сениори (-61кг)
Во сениорското финале исто како и на последното Балканското првенство се сретнаа Данило Божовиќ и Реџеп Рушити, победата со резултат 2-0, повторно му припадна на каратистот на Макептрол Данило Божович..
Кај постарите јуниорки (У21) Јована Мицовска во борбата за златниот медал загуби од Бугарката Амира Абулибде.
Бронзи освоија Јована Мицовска и Стефан Стојановиќ во сениорска конкуренција.
Тренерот на Макпетрол Петар Заборски изјави:- Годината ја започнавме веќе со втора активност од самиот старт.Минатата недела истиот состав учествуваше на Светска лига во Грузија, Тбилиси, за веднаш следниов викенд да настапиме на најсилниот европски турнир “Кроација Гранд При” -Ријека. За нас како клуб најважно бепе да ја провериме и темпираме формата на нашите репрезентативци, кои во почеток на Фебруари ќе заминат на Европско првенство во Лимасол – Кипар. Задоволни сме од прикажаните борби, сега останува да поправиме уште некој елементи и подготвени да заминеме на европското првенство.

РЕЗУЛТАТИ
-84 кг (У21) 5.место
Данило Божовиќ (Макпетрол) – Шимон Сечкар (Словачка) 2-4
Репасаж
Данило Божовиќ (Макпетрол) – Петар Микулиќ (Хрватска) 3-0
За бронза
Данило Божовиќ (Макпетрол) – Немања Јелиќиќ (БиХ) 0-2
61 кг – сребрен
Јована Мицовска (Макпетрол) – Никол Естрада Пупо (Италија) 9-0
Јована Мицовска (Макпетрол) – Ника Бешлија (Хрватска) 4-3
Јована Мицовска (Макпетрол) – Сара Бениќ (Хрватска) 5-0
Финале
Јована Мицовска (Макпетрол) – Амира Абулибде (Бугарија) 2-5
Сениори
-84 кг
1.Данило Божовиќ – златен
Данило Божовиќ (Макпетрол) – Макс Фајербах (Хрватска) 0-0
Данило Божовиќ (Макпетрол) – Јакопо Валдо (Италија) 0-0
Данило Божовиќ (Макпетрол) – Немања Јелиќиќ (БиХ) 3-0
Финале
Данило Божовиќ (Макпетрол) – Реџеп Рушити (Куштрими) 2-0
+ 84 кг – бронзен
Стефан Стојановиќ (Макпетрол) – Симон Гроенлунд (Данска) 1-0
Стефан Стојановиќ (Макпетрол) – Доминик Бохуницки (Словачка) 1-5
За бронза
Стефан Стојановиќ (Макпетрол) – Елведин Херац (Австрија) 0-0
Јована Мицовска (Макпетрол) – бронзен
Јована Мицовска (Макпетрол) – Корина Клариќ (Хрватска) 3-2
Јована Мицовска (Макпетрол) – Хана Дебелјак (Словенија) 1-3
За бронза
Јована Мицовска (Макпетрол) – Миа Чачко (Хрватска) 6-4
Викторија Јовановска (Макпетрол) – 5.место
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Ника Бешлија (Хрватска) 1-1
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Кристина Свиленова (Бугарија)
Викторија Јовановска (Макпетрол) – Викторија Ризајева (Латвија) 1-2


