Еден Galaxy, години доверба: вештачка интелигенција, паметни слушалки и ажурирања кои го прават вашиот телефон секогаш нов
- Детали
- вторник, 27 јануари 2026
Сите ја знаеме онаа по малку горчлива вистина на модерното време: го купувате најновиот смартфон, уживате во него неколку месеци, а потоа со секое наредно ажурирање чувствувате како тој полека „застарува“. Но, што ако овој пат правилата на играта се поинакви? Што ако вашиот нов телефон не е само сезонски тренд, туку долгорочен сопатник кој со текот на годините станува попаметен?
Samsung со својата визија за паметни уреди го менува наративот. Фокусот веќе не е само на хардверот, туку на ветувањето дека вашиот дигитален свет ќе остане свеж, брз и релевантен уште долго по првото отпакување на телефонот.
Инвестиција во доверба: Galaxy S25 FE
Новиот Galaxy S25 FE е создаден за оние кои бараат совршен баланс помеѓу стилот и суштината. Станува збор за уред кој покрај тоа што има извонреден екран и моќна камера, всушност, е и главната станица во светот на Google AI Pro. Замислете дека читате долг напис или извештај додека го пиете утринското кафе. Со функцијата Note Assist, вештачката интелигенција може во секунда да ви направи краток и прегледен сублимат на најважните информации. Ако пак налетате на парче облека или интересен декор на социјалните мрежи, тука е Circle to Search. Доволно е само да го заокружите предметот што го гледате на екранот и веднаш да ги добиете сите информации каде може да се купи. Но, најголемата вредност на Samsung Galaxy S25 FE е долговечноста. Samsung гарантира 7 години безбедносни и софтверски ажурирања, што значи дека вашиот телефон ќе биде заштитен и функционален дури и по повеќе години користење.

Совршена синергија: Buds3 FE
Вистинската магија се случува кога уредите „зборуваат“ меѓу себе. Тука стапува на сцена Buds3 FE, како важен дел од Galaxy екосистемот. Овие слушалки нудат богат и длабок звук, а се и опремени со паметни функции кои го олеснуваат животот. Благодарение на Galaxy AI, слушалките нудат напредно Активно поништување на бучавата (Active Noise Cancelation - ANC), кое интелигентно се прилагодува на вашата околина. Ако сте во авион или во бучна канцеларија, тие создаваат оаза на тишина, но ако некој ви се обрати, вештачката интелигенција може да го препознае гласот и да го прилагоди звукот за да не пропуштите важен разговор. Исто така, функцијата Auto Switch овозможува поврзаноста на слушалките беспрекорно да се префрла од вашиот таблет и Galaxy S25 FE, во зависност од тоа каде имате дојдовен повик или од каде пуштате видео.

„Try Galaxy“: Тестирајте ја иднината без обврски
За оние кои сè уште не се подготвени да ја напуштат својата моментална зона на комфор, но се љубопитни за моќта на вештачката интелигенција, Samsung го подготви Try Galaxy. Станува збор за интерактивна веб-апликација која ви овозможува да ги „пробате“ најдобрите функции на Galaxy AI директно на вашиот сегашен телефон. Преку Try Galaxy, можете лично да видите како Live Translate го преведува вашиот говор во реално време за време на разговор, или како Generative Edit може со еден допир да ги избрише непосакуваните објекти од вашите фотографии и совршено да ја пополни фотографијата. Тоа е најдобриот начин да сфатите колку овие алатки можат да ви го поедностават секојдневието.

Технологијата на Samsung е тука за да ни врати дел од нашето време. Со екосистем и уреди кои се надополнуваат меѓусебно, вашата дигитална иднина изгледа посигурна од кога било Дознајте како Galaxy AI го менува начинот на кој ги користиме уредите на samsung.mk.