Кога бев млада татко ми ми велеше „Ти давам 1000-ка, ама ова ти е и за викенд“ – како сега јас да знам каде ѝ одат парите на ќерка ми?
- Детали
- понеделник, 02 февруари 2026
Неодамна слушнав за средношколец од Скопје, син на пријатели, кои повремено му ставаат одредена поголема сума на лична платежна картичка за млади, па така му ги контролираат трошоците. Во мое време, ми даваа колку што е потребно секој ден за на училиште, а ако немаа ситно и добиев поголема банкнота, требаше во тоа да ми влезе и буџетот за викенд. Сега кога сум мајка, во многу поразлични времиња од тогаш, во дилема сум што е најправилно.

Сигурно многупати од вашите родители сте ги слушнале фразите: „Парите не растат на дрво“ или „Јас на банкомат ли ти личам?“.
И можеби во детството и тинејџерските денови не сакавме да го слушаме ова, но сега може да се фатиме како и самите го правиме истото со нашите деца.
Од кој тип на родители сте вие – дали од оние што одредуваат неделен/месечен џепарлак и им го давате да го трошат како што сметаат дека е најправилно, макар и по цена да го потрошат и да останат без пари? Или пак, им давате секој ден или повремено колку што ќе побараат и колку што вие мислите дека е во ред да им дадете за тие неколку дена?
Во времето кога јас растев, но и во моето опкружување (сепак да не генерализирам), ретко кој имаше месечен џепарлак, повеќето добивавме секојдневно одредена сума на пари за во училиште и плус уште нешто што ни беше потребно за викенд прошетки и излегувања. Некој повеќе, некој помалку...
А секогаш се сеќавам на зборовите на татко ми кога немаше ситно, па ќе ми дадеше цела банкнота од повисока сума и ќе ми речеше: „Немам поситно, ама овие ти се и за викенд, размисли како ќе ги трошиш“.

Сега, кога јас сум родител, со оглед на тоа што и живееме во многу поразлично време за разлика од моето, каде работите се многу поскапи, а и навиките за трошење на младите се многу поразлични, размислувам што е најправилно.
Од една страна, можеби е подобро моето дете да добие одреден буџет кој заеднички ќе го договориме, откако секако претходно ќе ги пресметаме основните потреби и трошоци за секојдневието.
Од друга страна, не знам дали е паметно да шета со толку пари во себе постојано, што од паранојата за кражби, што од тоа дека може да ги изгуби, или пак, дека можеби нема да направи добра проценка како да го распредели буџетот, а ќе немам ниту контрола каде и на што сè може да ги потроши парите.
Но кога сме кај тоа, секогаш пример ми е една другарка, која во младоста добиваше поголема сума на месечен буџет, па уште во тинејџерските години научи што значи одговорност кон пари.
Се знаеше дека парите што ги добива се тие, па во тој буџет ќе мора да влезат и секојдневни трошоци за храна во училиште, и викенд излегувања, кафиња, шминки, но и подароци за родендени и други екстра непланирани трошоци кои тековно може да излезат.
И секогаш успеваше правилно да ги изменаџира - да си скрати од нешто ако знае дека месецот треба да даде за подарок, но некогаш дури и да заштеди, па следниот месец да има повеќе.

Секако е добро од помлади да се учат на оваа вештина, да бидат финансиски писмени и да знаат што значи распределба на пари и штедење, нормално, зависно од возраста.
Неодамна слушнав за средношколец од Скопје, син на пријатели, кој сега добил своја платежна картичка, на која родителите повремено му ставаат одредена (поголема) сума на пари, што треба разумно да ја троши и распределува.
И веројатно, тоа е идеално сценарио кое ги решава сите мои горенаведени маки и дилеми.

Од една страна, детето не се шета со многу кеш во себе, па не може да му бидат украдени или изгубени парите.
Од друга страна, добива поголема сума која треба да научи како да ја распределува, но родителите имаат и контрола и увид колку и каде троши, па може соодветно да реагираат или да разговараат отворено доколку забележат нешто погрешно.
И секако, доколку се најде во некоја итна ситуација, секогаш може да му префрлат пари за да не се најде во тесно.
Во наше време тоа не постоеше, но сега Халкбанк нуди Mastercard Debit Junior, платежна дебитна картичка наменета за малолетни лица – односно деца од 9 до 15 години.
Поставен е дневен лимит, кој родителот/старателот може да го менува, а истовремено да има увид преку свое електронско/мобилно банкарство и преку добивање СМС пораки за извршени трансакции.

ТУКА може да дознаете повеќе за оваа опција, можеби и вас ќе ви ги реши дилемите за контролирање на буџетот на вашите деца.
фото: depositphotos.com