Читаат, анализираат, избираат: Gen Z и декларацијата како клуч кон здрава исхрана
- Детали
- четврток, 05 февруари 2026
Кога последен пат детално сте ја прегледале декларацијата на производот кој сакате да го купите или сте ги прегледале нутритивните информации кои ги содржи? За жал, дел од купувачите не го проверуваат ни датумот на истекување на производот. За помладите генерации (Gen Z) здравата исхрана не е тренд, туку начин на живот, а декларацијата на производот е основна алатка до вкусен и нутритивно богат оброк.
Младите генерации, особено Gen Z, почесто ги читаат и анализираат нутритивните вредности, адитивите и потеклото на производите. Тоа го потврдува и младата нутриционистка Александра (24) од Скопје:
„Мојата генерација е посвесна за тоа што внесува преку исхраната, и ние често дискутираме за состојките на производите кои ги консумираме. Токму така и се роди мојата желба да студирам нутриционизам. Брзата храна веќе не е толку популарна меѓу нас како порано, и внимаваме производите кои ги консумираме да ги следат меѓународните стандарди за безбедност на храната и редовно ја читаме декларацијата. Проверуваме дали производот е без глутен, без шеќер или без додатен шеќер, без непотребни адитиви... Едноставно не сакаме да си предизвикаме здравствени проблеми како резултат на несоодветна исхрана“ споделува таа.
Декларацијата на производот е клучна алатка за донесување информирани нутритивни избори
Разбирањето на декларацијата на производот е клучно за донесување информирани и здрави прехранбени избори. Декларацијата презентира нутритивни информации кои му помагаат на потрошувачот да се информира за составот на производот. Компаниите имаат законска обврска декларацијата за хранлива вредност да ја прикажат на задната страна на производот во табеларна форма со јасни и читливи стандардизирани податоци. Во тој контекст, транспарентната декларација не е само законска обврска, туку и стратешки елемент за градење доверба, кредибилитет и долгорочен однос помеѓу брендот и современиот, информиран потрошувач.
„Доста сум спортски активна, вегетаријанка сум, не јадам воопшто месо, а сепак имам потреба од доволен внес на протеин. Како и сите, сакам и да се засладам со благо... Често си подготвувам нутритивно балансирани оброци и ужинки со веганските протеинските намази од лешник и какао на Виталиа кои се со богат извор на протеини, со ниска масленост, без додадени шеќери и без палмино масло што е многу важно за мене. Брзата комбинација од банана и 2-3 лажички од намазот, ми обезбедува доволно енергија за ефикасно да го завршам тренингот“, додава нутриционистката Александра.
Преку овој начин на информирање, младите активно продолжуваат да ги обликуваат новите трендови и пристапот кон здравата исхрана. Клучно е бизнисите да ги следат и да се прилагодуваат кон вкусовите и барањата, да го унапредуваат својот пристап кон храната, и да нудат производи со висока нутритивна вредност за оние кои свесно избираат здрави, балансирани и одржливи прехранбени навики.