Моето искуство во борбата со акни: Што навистина ми помогна во процесот?
- Детали
- понеделник, 09 февруари 2026
Акните не се само козметички проблем. Тие се борба која ме научи што значат трпеливоста и љубовта кон себе. Имаше моменти кога ќе погледнев во огледало и гледав само несигурност и црвени флеки. Поминаа години во кои се трудев да го надвладеам овој проблем, без да знам дека не го решавам на правилен начин.

Така, по повеќе од осум години истражување и борба, решив да почнам од нула. Прв чекор за решавање на овој проблем беше да пронајдам соодветна рутина, која континуирано ќе ја користам. Се одлучив за линијата на Eucerin DERMOPURE CLINICAL гелот за миење на лице, кој содржи салицилна киселина како главна состојка која помага во чистење на порите и намалување на воспаленијата, во комбинација со HYDRA REPAIR смирувачки хидратантен крем-флуид, кој обезбедува хидрaтација без да ги затвора порите и без да остава масен траг.

Следниот чекор беше менталното здравје кое страдаше од секој неуспешен обид. Се повлекував од социјални ситуации, избегнував да излегувам од дома и ги спуштав ролетните мислејќи дека мракот ќе ми даде чувство на сигурност и самодоверба. Тие моменти ме научија колку е важно да се грижам за своето психичко здравје, а не само за изгледот, колку е важно да станам најдобрата верзија од себе и тоа да се одрази и на мојата кожа. Почнав редовно да вежбам, да се хранам здраво, да се дружам со позитивни и ведри луѓе и да исфрлам се што беше непријател на акните.

Со тек на време научив дека најважната промена не беше онаа на мојата кожа, туку односот што го изградив кон себе. Кожата само го следеше тој процес. Борбата со акните не е лесна, но со трпеливост, посветеност и љубов кон себе, секој може да ја победи.
Јасна, 19-годишна студентка