„Макпетрол“ инвестира во знаење и иднина - Отворен Бизнис центар за систематска едукација и развој на вработените

„Макпетрол“ официјално го отвори новиот Бизнис центар во рамки на својата Управна зграда, наменет за континуиран развој и обука на вработените. Центарот ќе служи како современ простор за реализација на интерни обуки, професионални тренинзи и развојни програми, со цел унапредување на знаењата и вештините на своите вработени, како и за организирање состаноци и деловни средби.

makpetrol-investira-vo-znaenje-i-idnina-otvoren-biznis-centar-za-sistematska-edukacija-i-razvoj-na-vrabotenite-01.JPG

На настанот присуствуваа претставници на менаџментот на компанијата, при што беше истакнато дека инвестицијата во човечкиот капитал претставува стратешки приоритет за компанијата.

„Со отворањето на Бизнис центарот создаваме структуриран и современ простор кој е целосно посветен на развојот на нашите вработени и унапредувањето на нивните знаења и вештини. Овој центар ќе овозможи систематска реализација на обуки, тренинзи и развојни програми, усогласени со стратешките цели и реалните потреби на компанијата. Веруваме дека континуираната едукација, размената на знаење и унапредувањето на вработените се клучни предуслови за ефикасно работење, поттикнување иновации и обезбедување долгорочен, одржлив раст на „Макпетрол“, изјави Марија Јосифовска-Спасовска, Главен оперативен директор на компанијата.

makpetrol-investira-vo-znaenje-i-idnina-otvoren-biznis-centar-za-sistematska-edukacija-i-razvoj-na-vrabotenite-02.JPG

Со оваа инвестиција, „Макпетрол“ дополнително ја зајакнува својата посветеност кон создавање мотивирачка, едукативна и современа работна средина.

„Макпетрол“, по своето основање пред речиси 80 години, постојано е меѓу компаниите што значително придонесуваат во развојот на македонскиот пазар и на домашната економија. Компанијата тоа го остварува преку производи со врвен квалитет, професионална услуга, како и вработени кои што континуирано го унапредуваат и подобруваат своето знаење. Основа за тоа се инвестициите на „Макпетрол“ во сопствениот тим преку можностите за развој и за напредок.

makpetrol-investira-vo-znaenje-i-idnina-otvoren-biznis-centar-za-sistematska-edukacija-i-razvoj-na-vrabotenite-03.JPG

makpetrol-investira-vo-znaenje-i-idnina-otvoren-biznis-centar-za-sistematska-edukacija-i-razvoj-na-vrabotenite-04.JPG

makpetrol-investira-vo-znaenje-i-idnina-otvoren-biznis-centar-za-sistematska-edukacija-i-razvoj-na-vrabotenite-05.JPG

Најчитани неделава