Свесни, но пасивни: Зошто младите знаат за селектирање, но ретко го практикуваат?

Отпадот и загадувањето претставуваат проблем со кој одамна се соочува нашата средина. Селектирањето на отпад е првата точка со која постепено, но сигурно се решава овој проблем. Сите сме слушнале дека е важно, дека ја штити животната средина и придонесува кон почиста иднина. Сепак, и покрај постојаното присуство на оваа тема, голем дел од младите сè уште не селектираат редовно. Причината не е во недостиг на свест, туку во недостиг на конкретна и практична едукација.

svesni-no-pasivni-zoshto-mladite-znaat-za-selektiranje-no-retko-go-praktikuvaat-01.jpg

Во образованието, селектирањето најчесто се споменува теоретски, без јасни насоки како тоа изгледа во пракса. Многу млади не се сигурни како правилно да го селектираат отпадот и зошто e тоа важно. Кога информациите се нецелосни или нејасни, селектирањето станува сложено и не му се посветува доволно внимание. Дополнителната едукација во основните и средните училишта би им овозможила на младите не само да знаат што е селектирање, туку и како активно да го применуваат во секојдневниот живот. Преку практични примери, работилници и реални ситуации, младите би можеле да развијат одговорен однос кон отпадот и животната средина.

Значајна улога имаат и компаниите кои активно работат на подигнување на еколошката свест и нудат конкретни решенија за справување со овој проблем. Пакомак е пример за таква компанија која континуирано придонесува за создавање почиста и поодржлива животна средина. Преку поставување контејнери во три бои, зелена за стакло, жолта за пластика и сина за хартија, компанијата го олеснува процесот на селекција и го прави разбирлив и поедноставен за сите возрасти.

svesni-no-pasivni-zoshto-mladite-znaat-za-selektiranje-no-retko-go-praktikuvaat-02.jpg

Покрај тоа, Пакомак нуди и современи алатки како мобилната апликација „ЕкоМак“, достапна на Google Play Store и App Store, која помага на корисниците полесно да се информираат и да учествуваат во процесот на селектирање. Дополнително, значајна улога имаат и Повратните вендинг машини, кои им овозможуваат на граѓаните за секое внесено пластично шише или лименка да добијат „зелени поени“, со што селектирањето на отпад станува уште подостапно, поедноставно и помотивирачко.

Кога образованието ќе се надополни со вакви практични алатки и јасни насоки, селектирањето престанува да биде обврска и станува дел од секојдневието. Со соодветна едукација и поддршка, младите имаат потенцијал да бидат носители на позитивни промени и да придонесат кон почиста и поздравa животна средина.

Најчитани неделава