4 (четири) сениорски балкански медали за каратистите на Макпетрол од Малканското првенство во Бања Лука

Јована Мицовска и Викторија Јовановска освоија бронзи на Балканското првенство за сениори во Бања Лука

4-chetiri-seniorski-balkanski-medali-za-karatistite-na-makpetrol-od-malkanskoto-prvenstvo-vo-banja-luka-03.JPG

Сениорите на Макпетрол Каратистките на Макпетрол ги освоија првите и единствени медали за Македонија на ова Балканско првенство

Заврши Балканскиот шампионат за сениори-ки кој се одржа во Бања Лука,БИХ. За Репрезентацијата на Македонија од сениорскиот тим на Макпетрол на ова елитно регионално првенство настапија вкупно 6 (шест) спортисти.

Тие беа најуспешни по број на освоени медали и единствени кои на ова сениорско првенство освоија медал за Македонија.

Освоени се вкупно 4 (четири) бронзени медали.

Две бронзени медали се освоени во поединечните настапи, и два медали освоија девојките во екипниот дел за тимот во борби екипна конкуренција за репрезентацијата на Македонија. 

 На Блаканското првенство настапуваат 313 каратисти со 343 натпреварувачки влезови од 11 држави.

4-chetiri-seniorski-balkanski-medali-za-karatistite-na-makpetrol-od-malkanskoto-prvenstvo-vo-banja-luka-05.JPG

4-chetiri-seniorski-balkanski-medali-za-karatistite-na-makpetrol-od-malkanskoto-prvenstvo-vo-banja-luka-6.JPG

Истите спортистки за тимот на Македонија во дисциплината екипно борби освоија бронзени медали, така да тие се закитија со по два медали од ова Балканско првенство. Блиску до медал беа и Данило Божович (-84кг) и Петар Заборски (-75кг), кои за жал загубија во репасажните борби

Тренерот на Макпетрол, Петар Заборски, кој беше и натпреварувач  после завршувањето на Балканското првенство не го криеше задоволството од направениот успех, за кој кажа дека можеше да биде и далеку повисок. Сите наши каратисти прикажаа модерно карате и имаа максимална борбеност и желба за успех. Конкуренцијата беше голема и квалитетна, учество земаа многу повеќекратни европски и светски шампиони од балканските држави. Сакам да истакнам дека ние како клуб имаме многу поголем потенцијал и можности за поголеми резутати. 

4-chetiri-seniorski-balkanski-medali-za-karatistite-na-makpetrol-od-malkanskoto-prvenstvo-vo-banja-luka-08.JPG

Во поединечните настапи вториот ден од првенството Јована Мицовска го освои првиот бронзен медал за Македонија во дисциплина борби (-61кг). Потоа медали освои и нашата спортистка Викторија Јовановска во истата тежинска категорија. Минатата година на сениорско Балканско првенство кое се одржа во Будва , двете спортистки на Макпетрол тогаш беа во финалето. Сега една година покасно двете спортистки иако имаа извонреден настап загубија во четвртата борба или полуфинале, да веднаш потоа да извојуваат победи и ги освојат бронзените медали. Многу малку требаше да имаме повторно Македонско финале и на ова Балканско првенство.

4-chetiri-seniorski-balkanski-medali-za-karatistite-na-makpetrol-od-malkanskoto-prvenstvo-vo-banja-luka-7_copy.JPG

Медали освоија:

  1. Јована Мицовска -61 кг бронзен медал
  2. Викторија Јовановска -61 кг бронзен медал
  3. Викторија Јовановска екипно тим бронзен медал
  4. Јована Мицовска екипно тим бронзен медал
  5. Данило Божович (-84кг) петто место
  6. Петар Заборски (-75 кг) седмо мес

4-chetiri-seniorski-balkanski-medali-za-karatistite-na-makpetrol-od-malkanskoto-prvenstvo-vo-banja-luka-04.JPG

Резултати Балканско првенство за сениори на Макпетрол:

Резултати:

61 кг
Јована Мицовска – Наила Бегановиќ (Босна и Херцеговина) 9-1
Јована Мицовска – Хана Дебељак (Словенија) 1-0
Јована Мицовска – Ника Бесилја (Хравтска) 1-0
Јована Мицовска – Невена Филипов (Србија) 1-3
За бронза
Јована Мицовска – Корина Клариќ (Хрватска) 3-1

4-chetiri-seniorski-balkanski-medali-za-karatistite-na-makpetrol-od-malkanskoto-prvenstvo-vo-banja-luka-02.JPG

Викторија Јовановска – Суде Турал (Турција) 7-0
Викторија Јовановска – Надја Боричиќ (Црена Гора) 2-2
Викторија Јовановска – Грета Миа Зорко (Хрватска) 3-2
Викторија Јовановска – Дарија Снајдер (Хрватска) 1-1
За бронза
Викторија Јовановска – Дуња Јововиќ (Србија) 3-0

На Балканското првенство за сениори-ки што се одржа во Бања Лука, Босна и Херцеговина, женскиот кумите тим во состав: Викторија Јовановски, Јована Мицовска и Рудина Алиу  го освои бронзениот медал.Во првото коло загубија од Србија со резултат 1-2, а во репасажот ја победија репрезентацијата на Словенија со резултат 2-0. Победата против Србија ја извојува Јована Мицовска, а против Словенија победија Викторија Јовановски и Рудина Алиу. Во составот на кумите тимот како четврата натпреварувачка беше Наталија Карова. Ова е трет бронзен медал за Македонија на Балканското, откако Јована Мицовска и Викоторија Јовановска во поединечна конкуренија освоија две бронзи.

Најчитани неделава