Потрошувачки кредит од ПроКредит Банка – само со лична карта, одлука за 24 часа, фиксна камата од 5,5%

Со потрошувачкиот кредит од ПроКредит Банка, достапен само со лична карта, со одлука за 24 часа и фиксна каматна стапка од 5,5%, добивате брзо, едноставно и сигурно финансиско решение кога ви е најпотребно.

potroshuvachki-kredit-od-prokredit-banka-samo-so-lichna-karta-odluka-za-24-chasa-fiksna-kamata-od-5-5-01.jpg

Финансиска поддршка кога ви е најпотребна со јасни и транспарентни услови

Животот носи различни планови и приоритети како што се: реновирање на домот, купување нова опрема, инвестиција во едукација или покривање непредвидени трошоци. Во вакви моменти, важно е да имате сигурен финансиски партнер кој нуди стабилност, јасни услови и одговорен пристап кон кредитирањето.

ПроКредит Банка прва носи потрошувачки кредит што се аплицира само со лична карта – достапен и за лица кои не се клиенти на банката. Процесот е брз, едноставен и без непотребни документи. Одлуката се добива за само 24 часа.

Со фиксна каматна стапка од 5,5%, месечната рата е стабилна и предвидлива, што им овозможува на клиентите лесно да споредуваат и планираат со ратите на другите банки – без изненадувања.

Пример за реална пресметка

Кредит: 100.000 денари
Рок на отплата: 12 месеци
Фиксна каматна стапка: 5,5%
Месечна рата: 8.584 денари
Вкупен износ за враќање: 103.004 денари

**Примерот е информативен и не претставува обврзувачка понуда.

Рефинансирање и спојување на повеќе рати во една

Со овој кредит е овозможено рефинансирање – спојување на повеќе кредити или обврски во еден. Финансиите стануваат поедноставни и појасни, сите рати се на едно место, а контролата над парите е поголема. Покрај тоа, кредитот овозможува и дополнителна сума за тековни планови или потреби. Помалку стрес и поголема слобода во управувањето со средствата се само дел од предностите. Одлуката се добива брзо – за само 24 часа.

„Клиентот секогаш ни е на прво место. Кога разговараме за кредит, најважно ни е тој да се чувствува сигурно и информирано. Затоа внимателно ги разгледуваме приходите и можностите, за кредитот да биде одржливо решение. Со фиксна каматна стапка од 5,5% нудиме стабилност, а ние сме тука со нашата транспарентност и поддршка во секој чекор.“ - изјави Љубин Наумовски, раководител на Одделот за физички лица во ПроКредит Банка.

Едноставно, брзо, сигурно – Аплицирајте денес!

Аплицирајте преку вебсајтот на ПроКредит Банка или во најблиската филијала и добијте одлука за 24 часа – со стабилна рата, минимален административен напор и целосна контрола над вашите финанси.

Најчитани неделава