Посно на трпеза со Имлек Оаза

Кога сакате посна исхрана што не е „еднолична“, туку полна со вкус и идеи, растителните напитоци Имлек Оаза се практичен сојузник за секој ден. Станува збор за 100% растителни напитоци од бадем или овес, создадени да ве следат низ различни моменти во денот од утринско кафе, до брз оброк, смути или мал десерт по ручек. 

posno-na-trpeza-so-imlek-oaza-01.JPG

Имлек Оаза нуди пет различни варијанти, па лесно ќе најдете што ви одговара овес, бадем, бадем без додаден шеќер, чоко бадем и овес бариста, кој со својата богата пена креира незаменливи моменти на кафе-ритуалот во домашна атмосфера. 

За утро што почнува вкусно: од кафе до овесна каша

Кафе дома подобро и од кафуле

Ако утрото ви е „ритуал“, Имлек Оаза Овес Бариста е создаден токму за тоа да даде мазност и пенливост што ја сакаат љубителите на капучино и лате. 

Идеја: Кафе лате со цимет или ванила

Загрејте Имлек Оаза Бариста, запенете ја со пеналка, па прелијте врз еспресото. Завршете со цимет или малку какао.

Овесна каша „без мака“

Кашата е класика за посни денови а со растителен напиток станува и покремаста. Обичната овесна каша може да стане „совршен оброк“ со Имлек Оаза. 

Идеја: Каша со овошје и јатки

Овесни снегулки прелијте со Чоко бадем, додадете банана, јаболко, суво грозје и ореви или лешници. На крај мала лажичка мед или неколку сечкани урми.

posno-na-trpeza-so-imlek-oaza-02.JPG

Имлек Оаза е практичен избор во пост и надвор од него

Имлек Оаза е напиток со 100% растително потекло, па е погоден за консумација за време на пост, а и за вегетаријанци и вегани. Не содржи лактоза, што е корисно за сите оние што избегнуваат млечен шеќер. 

Со петте достапни варијанти лесно си правите избор според вашите навики и цели, без разликата дали се за време на постот или надвор од него, изборот е единствен – уживање во секој оброк.

Најчитани неделава