Виталиа донира опрема за учениците со попречен вид од ДСУРЦ „Димитар Влахов“

vitalia-donira-oprema-za-uchenicite-so-poprechen-vid-od-dsurc-dimitar-vlahov-01.JPG

Кога децата трчаат заедно, тие не го слават само спортот – тие ја градат и солидарноста. Токму од оваа идеја произлезе и донацијата на Виталиа за учениците со попречен вид од Државно училиште за деца и младинци со оштетен вид Димитар Влахов“. Со средствата собрани од учесниците на Детската трка, компанијата обезбеди опрема и асистивни технологии кои ќе им помогнат на овие ученици полесно да учат, да се развиваат и да бидат дел од современиот образовен процес.

vitalia-donira-oprema-za-uchenicite-so-poprechen-vid-od-dsurc-dimitar-vlahov-02.JPG

Донацијата опфаќа компјутерска опрема, лаптоп и специјализирани софтвери за подготовка и печатење материјали на Брајово писмо, како и низа асистивни помагала кои им овозможуваат на учениците поголема самостојност во секојдневните активности и во процесот на учење. Меѓу донираната опрема се наоѓаат уреди за препознавање бои, звучни помагала, тактилни едукативни алатки и други технологии кои ја прават информацијата подостапна, а знаењето поблиску до секое дете.

vitalia-donira-oprema-za-uchenicite-so-poprechen-vid-od-dsurc-dimitar-vlahov-03.JPG

vitalia-donira-oprema-za-uchenicite-so-poprechen-vid-od-dsurc-dimitar-vlahov-04.JPG

Како дел од донацијата, во училиштето е опремен и простор за игра и дружење – соба во која децата ќе можат да поминуваат време попладне, да се дружат и да учат преку игра. Просторот е збогатен со адаптирани тактилни игри како шах, „Не лути се човече“,  отело и мелница, изработени со релјефни и Брајови ознаки, кои придонесуваат за развој на фината моторика, логичкото размислување и социјалната интеракција.

vitalia-donira-oprema-za-uchenicite-so-poprechen-vid-od-dsurc-dimitar-vlahov-05.JPG

„Детската трка за нас е многу повеќе од спортски настан. Таа е симбол на енергијата, радоста и потенцијалот што го носат децата. Особено ни значи што средствата собрани од овој настан се претвораат во конкретна поддршка за децата на кои таа најмногу им е потребна. Веруваме дека секое дете заслужува еднакви можности да учи, да се развива и да го достигне својот потенцијал“, истакнуваат од компанијата.

Од ДСУРЦ „Димитар Влахов“ изразуваат голема благодарност за донацијата, посочувајќи дека новата опрема значително ќе ја унапреди нивната работа и ќе овозможи поголема достапност до знаење и информации за учениците со попречен вид.

vitalia-donira-oprema-za-uchenicite-so-poprechen-vid-od-dsurc-dimitar-vlahov-06.JPG

Со ваквите иницијативи, Виталиа продолжува да ја потврдува својата посветеност кон заедницата, покажувајќи дека вистинската вредност на една компанија се мери не само со производите што ги создава, туку и со грижата и поддршката што ја дава таму каде што е најпотребна.

Најчитани неделава