Сања Ристиќ: „Не ме учеа да сум скромна“

Во една од последните епизоди на емисијата „Нешто конкретно“ гостуваше еден од најпознатите македонски парови – Сања Ристиќ и Перо Антиќ, кои отворено зборуваа за односите, самодовербата и перцепцијата на луѓето во јавноста.

sanja-ristikj-ne-me-uchea-da-sum-skromna-01.JPG

Сања низ смеа призна дека на почетокот на врската Перо бил вистински алфа мажјак, но дека со текот на времето „омекнал“. На тоа Перо духовито одговори:

„Е кој се разбрал со жена, најдобро е само да си климаш со главата.“

Сања додаде дека таа секогаш е подготвена да го брани својот став, алудирајќи и на ситуацијата кога јавно застана во одбрана на Перо на социјалните мрежи, кога тој беше мета на критики.

sanja-ristikj-ne-me-uchea-da-sum-skromna-02.JPG

Во емисијата гостуваше и Марија Васиќ, која беше Мис на Македонија во 2003 година, а денес работи како доктор анестезиолог. На прашањето дали титулата за убавина и скромноста можат да одат заедно, таа одговори дека експонирањето во јавноста не значи дека човек не е скромен.

„Скромноста не се покажува со тоа колку се експонираш, туку со постапките“, истакна Васиќ.

За скромноста пак Сања Ристиќ која како едно од најпопуларните деца во тоа тоа време пеејќи ја Ех Тој Тоше, рече дека неа не ја учеле на скромност всушност се морало да биде по последна мода, или специјално дизајнирано за неа.

„Не сум скромна и сега и сакам да живеам убаво од својот труд“, заклучи Сања

Во дебатата се приклучи и тату мајсторот Горан Микиќ, на кого ова му беше прво појавување во јавноста по победата над ракот на тироидната жлезда.

sanja-ristikj-ne-me-uchea-da-sum-skromna-04.JPG

Расположен и насмеан  тој откри дека на почетокот неговиот татко, познатиот  естраден новинар Дуле Микиќ, често му замерувал што избрал да биде тату мајстор, бидејќи пости стереотип дека тетоважите ги прават „наркомани или криминалци“.

Горан откри и дека благодарение на Перо Антиќ неговата кариера тргнала во нагорна линија.

Перо пак зборувајќи за неговиот татко кажа дека се на се татко му дошол на 9 негови натпревари а интересен е и моментот дека кога Перо отишол да игра кошарка татко му немал појма за тоа.

„Случајно по презимето ме позна тренерот па му се јави на татко ми а тој му одговорил: Ако го бива добро ако не праќај го дома!“, додавајќи дека татко му секогаш бил критички настроен кон него но тоа го зајакнало

sanja-ristikj-ne-me-uchea-da-sum-skromna-03.JPG

Централната тема на епизодата беше од каде доаѓа самодовербата кај луѓето – особено кога таа не е поткрепена со реални резултати.

Гостите се согласија дека тоа најчесто започнува уште во домот, кога родителите нереално ги бодрат децата, постојано убедувајќи ги дека се најдобри во сè. Според нив, и современото општество дополнително ги стимулира таквите појави, па често се случува луѓе со голема самоувереност, но без покритие, да дојдат до позиции на моќ и да се однесуваат како да се семоќни.

На крајот од емисијата, Перо Антиќ доби интересно прашање: дали е потребна поголема самодоверба за шут во последната секунда на натпревар – или за да побараш девојка за жена?

Каков беше неговиот одговор – погледнете во видеото

Најчитани неделава