LISCA: Моќта е во тебе - Вечер во чест на женската сила, елеганција и самодоверба
- Детали
- среда, 11 март 2026
По повод Меѓународниот ден на жената, 8 Март, брендот Lisca организираше инспиративен и елегантен настан кој ја слави жената – нејзината сила, убавина и внатрешна моќ. Во рамките на кампањата „Моќта е во тебе“, дванаесет влијателни и инспиративни жени, секоја со своја приказна и животна патека, споделија дванаесет мотивирачки пораки кои одекнаа како симбол на храброст, автентичност и самодоверба, пораки што потсетуваат дека вистинската моќ не се мери со совршенството, туку со храброста да бидеме свои.

Во атмосфера исполнета со стил, софистицираност и женска енергија, вечерта беше повеќе од настан – беше прослава на индивидуалноста и силата што секоја жена ја носи во себе.
Брендот Лисца со кампањата „Моќта е во тебе“ упатува силна порака за важноста на женската улога во современото општество, како и за предизвиците и можностите со кои се соочуваат жените денес, токму таа филозофија – дека женската сила произлегува од самопочитта, од љубовта кон себе и од способноста да се прифатат сите свои страни.
Тоа е тивка, но непоколеблива моќ која ја обликува секојдневната храброст на жената.
Токму тука се препознава и суштинската поврзаност на брендот Lisca со жената.
Директорката на Лисца - Даниела Димовска Колиќ истакна дека Лисца седум децении ја гради својата приказна токму на женската моќ, Лисца е присутна во сите убави моменти од животот на една жена, а нашата мисија е жената да се чувствува сигурно и своја. Со оваа кампања испраќаме гласни пораки за поддршка на жените да веруваат во себе и да чекорат храбро.

Пораката Моќта е во тебе не е само слоган, таа е потсетник дека самодовербата започнува одвнатре. Кога жената се чувствува добро во својата кожа таа зрачи
Драги дами не заборавајте “МОЌТА Е ВО ВАС”.
Бојана Стојменовиќ Петровска - психолог, ја поддржа кампањата „Моќта е во тебе” и упати силна порака кон сите жени.
Амернис Нокшиќи - глумица, ја поддржа кампањата „Моќта е во тебе” и упати силна порака кон сите жени.
Каленикова Живкица - ТВ уредник, ја поддржа кампањата „Моќта е во тебе” и упати силна порака кон сите жени.
Бијлана Дебарлиева -ТВ лице, ја поддржа кампањата „Моќта е во тебе” и упати силна порака кон сите жени.
Татјана Алексиќ – професор по македонски јазик, ја поддржа кампањата “ Моќта е во тебе” и упати силна порака кон сите жени.
-Бисера Чадловска – диригент, ја поддржа кампањата „Моќта е во тебе” и упати силна порака кон сите жени.
Алмедина Исмаили – ТВ презентерка, ја поддржа кампањата „Моќта е во тебе” и упати силна порака кон сите жени.
Моника Коцарева Ергиќ - модна дизајнерка ја поддржа кампањата „Моќта е во тебе” и упати силна порака кон сите жени.
Ребека Јанковска Ристески - Естраден уметник и борец за човекови права, ја поддржа кампањата „Моќта е во тебе” и упати силна порака кон сите жени.
Мерсиха Шукри –харфистка, ја поддржа кампањата „Моќта е во тебе” и упати силна порака кон сите жени.
Елена Бубало Михајловска - фитнес инструкторка, ја поддржа кампањата „Моќта е во тебе” и упати силна порака кон сите жени.
Стефанија Гаштарска – балерина ја поддржа кампањата „Моќта е во тебе” и упати силна порака кон сите жени.
Повеќе фотографии и видео од настанот:














