Нова генерација сончева заштита: Eucerin серум со СПФ 50+ и Oil Control технологија за кожа склона кон акни
- Детали
- четврток, 12 март 2026
Во динамичното секојдневие од брзање на работа, кафе со пријателките или прошетка низ град, сонцето е секогаш тука. Затоа заштитниот фактор од сонце одамна стана неизоставен дел од утринската нега на кожата. Сепак, за девојките со мрсна кожа или кожа склона кон акни, изборот на соодветен СПФ често значи компромис: или тежок слој на лицето, или сјај што не се контролира, или чувство дека кожата „не дише“...

Токму тука доаѓа новото решение од Eucerin – серумот Sun Face Oil Control Daily UV SPF 50+, кој го комбинира најдоброто од заштитата од сонце со лесна серумска текстура, дизајнирана токму за урбаните жени кои сакаат мат и свеж изглед на кожата во текот на целиот ден.
„Иако знаев колку е важен СПФ, често имав чувство дека лицето ми станува премногу тешко во текот на денот. По неколку часа се појавуваше сјај, а понекогаш и нови несовршености, па искрено имаше денови кога го прескокнував затоа што едноставно ми пречеше...“, споделува нова корисничка на серумот која долго време се обидувала да најде соодветна лесна дневна заштита.

Класичните креми за лице со заштитен фактор често знаат да бидат тешки, да оставаат сјај и по неколку часа кожата да изгледа уморно.
„Разликата ја почувствував веднаш. Текстурата е лесна, брзо се впива и кожата ми останува мат со часови. Конечно имам СПФ што не го чувствувам како тежина на лицето, а знам дека максимално ја штити кожата од штетните сончеви зраци,“ додава таа.
Со својата лесна формула, серумот за лице е идеален и како база за шминка, но и како самостоен чекор во утринската skincare рутина. Заштитниот фактор СПФ 50+, обезбедува многу висока заштита од УВА и УВБ зрачење и го спречува предвременото стареење на кожата.

Oil Control технологијата со L-Carnitine помага на серумот во регулирање на себумот и сјајот, оставајќи долготраен мат ефект. Состојката Glycyrrhetinic Acid дополнително ја поддржува природната способност на кожата за регенерација на кожната ДНК. Формулата е збогатена и со Anti-Pollution Vitamin Booster - комплекс од витамини C, E и провитамин B5, кој обезбедува антиоксидативна заштита и ја штити кожата од влијанијата на урбаната средина, како загадување, слободни радикали и сино светло.
Новиот серум Eucerin Sun Face Oil Control Daily UV SPF 50+ е достапен во сите поголеми аптеки низ Македонија. За најдобри резултати, се препорачува да се комбинира со Dermopure Clinical гелот за миење лице и Triple Action серумот, рутина што помага кожата да остане чиста, балансирана и заштитена во текот на целата година.