„Прво мислеа дека сум болен“ – Бојан Стојков ослабе до непрепознатливост
- Детали
- сабота, 14 март 2026
Во последната епизода на емисијата „Нешто конкретно“ гостуваше пејачот Бојан Стојков, кој публиката го памети од музичкото шоу „Идол“, а денес е дел од кабаре сцената како актер и пејач.

Во разговорот тој искрено зборуваше за својата физичка трансформација која многумина ги остави без зборови.
Бојан откри дека уште од дете се борел со килограмите и дека во еден период достигнал и 100 килограми. Неговите навики во исхраната биле екстремни – како што призна, знаел на еден оброк да изеде и до 100 ќебапи и три кременадли.
„Отсекогаш бев дебело дете. На сцена бев статичен, а денес можам да им парирам и на балерините“, раскажа Стојков.

Денес неговиот начин на живот изгледа сосема поинаку. Тренира и по два часа дневно во теретана, а дисциплината ја довел до максимум – откри дека седум месеци немал ниту еден „cheat meal“.
Трансформацијата била толку драстична што околината прво се загрижила.
„Прво мислеа дека сум болен, па прашуваа што се случува, па претпоставуваа разни работи… А сега веќе ми пишуваат и ме прашуваат како и што направив“, рече тој.

Во разговорот се отвори и темата дали физичката форма влијае и на интимниот живот. Бојан низ смеа призна дека по трансформацијата и сексуалниот живот му е – топ.
Во епизодата не изостана ниту хуморот. На прашањето „Колку си убав сега од 1 до Бред Пит?“, Бојан низ смеа одговори:
„Во темно многу личам на него.“

Водителката Снеже Велков пак пречекувајќи го Бојан потврди дека сега двајцата имаат ист обем на струкот.
Целата епизода од „Нешто конкретно“ погледнете ја во продолжение: