Мислите дека ви треба поголем стан? Можеби ви треба само попаметен мебел
- Детали
- понеделник, 30 март 2026
Во последните години сè почесто слушаме една иста реченица: „Станот ни стана мал“. Повеќе работи, повеќе активности во домот и сè повеќе време поминато дома. Но дали решението навистина е преселба во поголем стан?

Според експертите од Vellea Home, во многу случаи проблемот не е во квадратурата, туку во начинот на кој е организиран просторот. Со правилно планирање и избор на функционален мебел, дури и помал стан може да изгледа значително попростран и поудобен за живеење.

Аголна Гарнитура Болоња е пример за модерно уредување и практичност.
Просторот не се мери само во квадратни метри
Добро уредениот дом не зависи само од неговата големина. Стан од 70 квадратни метри може да делува попространо од дом од 100 ако просторот е паметно организиран.
Клучот е во неколку едноставни принципи:
мебелот да одговара на реалните потреби на семејството, да нема неискористени зони, да се користи вертикалниот простор и секое парче мебел да има повеќе од една функција.
Токму тука модерниот мебел игра клучна улога. Трпезарски стол Елиз во венге боја за инспирација.
Мебел што ослободува простор
Аголни гарнитури со можност на пружање.
Еден од најпрактичните примери се аголните гарнитури со можност за спиење и простор за складирање. Тие комбинираат зона за одмор, кревет за гости и дополнителен простор за складирање – три функции во едно парче мебел.
Ова решение како Фабиола е особено популарно во дневни соби кои повремено служат и како гостинска соба.
Кревети со фиоки
Слична логика важи и за креветите со фиоки Немо кои ја покажуваат практичноста на паметен дизајн. Просторот под креветот често останува неискористен, а токму таму може да се складира сезонска облека, постелнина или други предмети без да се додава дополнителен мебел во собата.
Резултатот е поорганизиран простор и помалку мебел во спалната соба.
Плакари со надградба
Една од најчестите грешки во помалите станови е изборот на понизок плакар. Просторот над него најчесто останува неискористен.
Плакарите со надградба Селект2 овозможуваат целосно искористување на вертикалниот простор, подобра организација и помалку дополнителни шкафови во домот. Ова решение комбинира функционалност и естетика, особено во станови со повисоки тавани.
Флексибилни решенија за секојдневието
Мултифункционалните клуб маси како Модилјани се уште еден пример за паметен дизајн. Компактни трпезариски маси или клуб масите за во салонот со простор за складирање заземаат малку место во секојдневието, но лесно се приспособуваат кога доаѓаат гости.
Во помалите домови токму оваа флексибилност прави голема разлика.
Компактни кујни со максимална ефикасност
Мала кујна не значи ограничена функционалност. Со правилно планирање – високи шкафови, вградени апарати и оптимална организација – може да се постигне удобност споредлива со многу поголеми кујни.
Во Vellea Home клиентите можат да добијат бесплатен 3D проект за кујна, изработен од консултант, со што однапред го гледаат распоредот и изгледот на просторот.
Стручна помош за подобар дом
При уредувањето на домот често не е најважна големината на просторот, туку добриот концепт.
Во салонот на Vellea Home во Скопје, клиентите можат да добијат професионална консултација за планирање на просторот, избор на соодветни димензии, комбинација на бои и материјали и уредување според буџетот.
Ова е особено важно за помалите станови, каде што секоја одлука може значително да влијае на функционалноста на домот.

Брза испорака и сигурност при купување
Една од предностите на брендот е и брзата испорака на илјадници производи – до 10 работни дена. Компанијата располага со сопствена логистичка мрежа, што овозможува брза достава, особено важна при реновирање на домот.
Покрај тоа, Vellea Home нуди 5 години гаранција за мебелот, можност за враќање на производ и услуга за монтажа, што им дава дополнителна сигурност на клиентите.

Достапен модерен дом
Vellea Home се позиционира на локалниот пазар како модерен бренд кој нуди квалитетен мебел по достапни цени. Комбинацијата од современ дизајн, функционалност и разумна инвестиција го прави брендот препознатлив избор за практични решенија за домот.
Целта не е само да се пополни просторот, туку да се создаде дом што навистина функционира во секојдневниот живот.
Пример за модерен дизајн и достапноста за сечиј буџет е гарнитурата Марден од нашата нова линија Nobilino Studio која доага со 5 годишна гаранција..

2 години Vellea Home во Скопје
Во април, Vellea Home одбележува 2 години од отворањето на својот салон во Скопје, лоциран на бул. Киро Глигоров 13.
По повод годишнината, во текот на целиот месец ќе има специјални изненадувања и награди за посетителите на продавницата.
Ова е одлична можност посетителите да ги разгледаат новите модели, да се запознаат со консултантите и да добијат професионален совет за подобро уредување на својот дом.

Попаметниот избор
Пред да започнете да барате поголем стан, поставете си едно едноставно прашање:
Дали го користам максимално просторот што веќе го имам?
Понекогаш разликата помеѓу тесен и простран дом се крие во неколку паметни решенија – подобро планирана кујна, плакар до таван, кревет со простор за складирање или гарнитура со механизам.
Домот не станува поголем со повеќе квадратни метри, туку со подобри решенија.
И токму тоа е филозофијата на Vellea Home – современ мебел што го прави секој дом поорганизиран, поудобен и попрактичен.
Мебел што го претвора секој простор во организиран, удобен и стилски дом
Повеќе модели за инспирација:
1. Спална комплет Зора
2. ТВ секција Омонија
3. Закачалка за ходник Лаго
4. Софа на спуштање Киото
5. Лулашка Зафер
6. Гарнитура Сорело
7. Комода Варион

8. Канцеларски мебел биро Ивел
9. Комплет шкаф за бања
10. Фотеља Треја премиум














