Со НЛБ станбените кредити до твој дом, твои правила

Нема поубаво чувство од тоа да се има сопствен дом, свој клуч на врата - живееш по свои правила. Готвиш и каниш гости кога сакаш, гледаш филмови кои ти ги сакаш, го уредуваш просторот по свој вкус и желби. Уживаш во придобивките не правејќи постојани компромиси со никого. Живеење во сопствен дом е сон на секој човек, но и вредно искуство што нѐ учи како да си го организираме и планираме животот!  Сами си ја создаваме дневната рутина, без да следиме туѓи правила, желби или очекувања. Создаваме мир и хармонија, независност, како и посилно чувство на одговорност и самодоверба.  

so-nlb-stanbenite-krediti-do-tvoj-dom-tvoi-pravila-01.jpg

Па така, ако веќе немаш дилеми дали сакаш сопствен дом, време е да влезеш во следната фаза. Да размислиш каков и колкав стан ти треба, во која населба преферираш да живееш, какви ти се плановите во иднина, колкава ти е заштедата и колку дополнителни средства ти се потребни за да дојдеш до сопствениот стан. Ако овие прашања се „расчистени“ време е да избереш партнер што ќе ти го олесни процесот.

Во НЛБ Банка го имаш вистинскиот кредитен партнер и секогаш можеш да го одбереш станбениот кредит согласно твоите потреби. Но, до 10 април и со дополнителни придобивки, без нотарски трошоци и почнувајќи од 3,05% фиксна каматна стапка за првите 5 години.

Процесот започнува со посета на најблиската експозитура на НЛБ Банка, а завршува со „Добредојде дома“!

Најчитани неделава