Повеќе од 350 учесници на онлајн обуката на dm и „Матрона“ посветена на спиењето, навиките и транзициите кај децата

Голем интерес и повеќе од 350 учесници ја одбележаа бесплатната онлајн обука на тема „Мирни ноќи за целото семејство: спиење, навики и транзиции кај децата“, која ја организираа dm drogerie markt и Здружението „Матрона“ во рамки на Караванот на мајчинство.

povekje-od-350-uchesnici-na-onlajn-obukata-na-dm-i-matrona-posvetena-na-spienjeto-navikite-i-tranziciite-kaj-decata-01.jpg

Обуката беше наменета за мајки и татковци, идни родители и сите заинтересирани, а ја водеше Сања Ѓорѓев, сертифициран тренер за спиење од центарот Dr. Goodnight. Во текот на настанот, учесниците имаа можност да добијат стручни насоки и практични совети за создавање поздрави навики за спиење, полесно надминување на развојните транзиции и воспоставување помирна семејна рутина.

Дополнително, како дел од оваа иницијатива, учесниците добија и ваучер за 15 отсто попуст на производите од dm марката babylove, со што поддршката беше надополнета и со конкретна придобивка за секојдневните потреби на семејствата.

Темата за детското спиење е една од најчувствителните и најактуелни теми за многу семејства, особено во првите години од растот и развојот на детето. Токму затоа, обуката отвори простор за разговор, едукација и поддршка во врска со предизвиците со кои секојдневно се соочуваат родителите.

Оваа обука е дел од Караванот на мајчинство, иницијатива што dm и „Матрона“ ја реализираат втора година по ред, со цел да обезбедат релевантни информации, корисни совети и поддршка за мајките и идните родители. По минатогодишната серија од 11 онлајн обуки, караванот продолжува и годинава, отворајќи теми што директно го засегаат родителството и секојдневниот семеен живот.

Годинешното издание започна со силен интерес од публиката, а последната обука уште еднаш ја потврди потребата од вакви содржини. Со повеќе од 350 учесници, обуката покажа дека родителите активно бараат проверени информации, стручна поддршка и практични решенија за теми што имаат големо влијание врз семејната динамика.

Од dm посочуваат дека преку ваквите иницијативи сакаат да придонесат родителството да не се доживува како изолирано искуство, туку како процес во кој знаењето, поддршката и заедницата можат да направат реална разлика.

Најчитани неделава