Опаа, прва плата? Шпаркасе Банка и Vibe On – за моментот што се памети засекогаш

Скопје, 16 март 2026 – Прв училиштен ден. Прва љубов. Прво патување. Прво вработување. И – прва плата. Тоа се моментите што не се забораваат. Моментите кога нешто се менува. Кога почнуваш да стоиш на свои нозе.

opaa-prva-plata-shparkase-banka-i-vibe-on-za-momentot-shto-se-pameti-zasekogash-01.jpg

Првата плата не е само бројка на сметка. Тоа е чувство. Гордост. Потврда дека си направил/а нешто свое.

Шпаркасе Банка ја започнува кампањата „Vibe On Прва плата“ – наменета за младите што го прават својот прв чекор во светот на работата и финансиската самостојност.

Кампањата ја позиционира Банката како партнер во тие „први“ моменти – не како институција, туку како поддршка во почетокот на ново животно поглавје.

Во Шпаркасе Банка младите добиваат пакет што одговара на нивниот начин на живот и темпо:

  • дебитна картичка
  • пристап до мрежа од над 100 банкомати низ државата
  • Клуб на попусти и бенефиции кај широка мрежа на партнери
  • подигнување готовина во 10 земји каде што е присутна Групацијата
  • напредно дигитално банкарство преку мобилната апликација:
    • брзи и безбедни трансакции
    • преглед на ПИН
    • „подели сметка“ и „плати на пријател“
  • Депозити и кредитни производи со поволни каматни стапки
  • платформа за финансиска едукација – www.vibeonedu.mk

Сето тоа – едноставно, јасно и без непотребна компликација.

„Првата плата е момент што се памети засекогаш. Не само поради парите, туку поради чувството дека започнува нешто твое. Со ‘Vibe On’ сакаме да бидеме дел од тој момент – како банка што ги разбира младите, нивниот стил, нивните очекувања и нивниот начин на живот. Да им дадеме алатки, но и самодоверба да ги направат своите први чекори“, изјави Ивана Петревска, директорка на Дирекцијата за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка.

Кампањата има за цел да го направи моментот на примање плата поблизок, порелевантен и – да, покул. Да покаже дека префрлувањето плата не мора да биде сложен и досаден процес, туку може да биде дел од искуство што се памети.

За повеќе информации посетете ја страницата www.sparkasse.mk или на 02/15050

Најчитани неделава