LISCA – инспирација за пролетни моменти исполнети со стил
- Детали
- петок, 27 март 2026
Stella, серија долна облека и облека од линијата Lisca Fashion.
Пролетта е во воздухот. Во раните утрински моменти, во природата што оживува и во боите што нежно влегуваат во нашето секојдневие. Новата серија Stella, дел од колекцијата пролет/лето на Lisca за оваа сезона, го доловува токму тоа чувство - свежина, романтика и модерна женственост, изразени во една од најубавата тренди боја на сезоната.
Нежната нијанса на лаванда и пастелната боја на јоргован повторно се на чело на пролетните трендови во боите и на серијата Stella и даваат суптилна елеганција и смирувачка мекост. Оваа нијанса симболизира нова енергија, оптимизам и лична слобода - сè што претставува пролетта. Тоа е боја што не бара внимание, туку плени со својата тивка самодоверба, внесувајќи чувство на свежина, леснотија и романтична женственост во колекцијата.
Колекцијата е достапна и во нежна кремасто бела боја, чија безвременска чистота ја надополнува нејзината пролетна приказна.
Долната облека Stella ја комбинира естетската софистицираност со удобноста неопходна за модерната жена. Софистицирани детали, меки материјали, елегантна нежна чипка и внимателно скроени кроеви кои создаваат вистински ефект на втора кожа – нежни и совршено природни. Секое дизајнирано парче го има во предвид движењето, слободата и уживањето во секојдневните моменти - од мирни утра до спонтани, незаборавни денови.
За совршено да ja дополни долнaта облека, колекцијата Stella нуди и разновидни парчиња изработени од мека вискоза, внесувајќи чувство на леснотија и опуштена елеганција.
Едноставна ноќница, маица, долги и кратки панталони кои се дизајнирани за мирни вечери и лежерни утра, лесно се стилизираат и за дневни комбинации. Бришејќи ја границата помеѓу облеката за спиење и секојдневната облека, овие парчиња нежно алудираат на лето со што ги прави совршен избор за опуштени денови дома, во град или дури и покрај море.
Како утро облеано во мека светлина, Stella носи чувство на леснотија и нов почеток. Stella не е само нова колекција. Тоа е чувството на пролет. Тоа е моментот кога застанувате, длабоко вдишувате и ја прифаќате свежината на новиот почеток. Тоа е нежно будење на самодовербата покрај природата и леснотијата со која влегувате во светот - на свој начин, со свое темпо. Тоа е покана за живеј го својот живот - и живеј ја својата пролет.