Дише со тебе: памучна долна облека за секој ден
- Детали
- петок, 03 април 2026
Selena – едноставно природна
Кога ќе почуствуваш памук што дише со кожата, и чипка што нежно го милува телото, сè станува меко, природно и лесно – токму тоа што најчесто го очекуваме од долната облека. За сите што ја ценат природната удобност, Lisca ја претставува новата серија Selena, која е комбинација од квалитетен памук, нежни детали од чипка со цветни мотиви и внимателно осмислен дизајн.
Секое парче нежно го следи телото и воедно овозможува целосна слобода на движење. Нијансите на крем и пудра внесуваат свежина и леснотија – идеални за потоплите денови.
Чипката не е само декорација, туку суптилна уметност инспирирана од природата. Лесно ги следи линиите на телото и ги истакнува во понежна, малку романтична светлина.
Кога доаѓаат топлите денови и полесната облека, важно е долната облека да остане ненаметлива и дискретна.
Маичката со clean cut рабови и гаќичките изработени без шев, убаво прилегаат на телото и обезбедуваат мазен изглед и удобност во текот на целиот ден.
Допир на нежност
Меките градници без жица со мазни корпи создаваат природна силуета и стануваат незаменлив дел од лесната летна гардероба.
Памучната долна облека Selena се одликува со исклучителна мекост и префинет спој на елеганција, женственост и удобност – парчиња што ќе посакаш да ги носиш секој ден. Од лесни градници и маички до бразилки и италијанки, секој детаљ е внимателно обликуван да ти пружи чувство на нежност и леснотија.
Секое парче е како нежен допир од памук врз кожата – меко, лесно и совршено прилагодено за свеж пролетен ден.
Пролетта носи моменти што ги живееш по свое. Живеј го својот живот, живеј ја својата пролет и почувствувај ја во сета нејзина убавина… а на крај баш ти си она што е Selena – едноставно природна и безгрижна.
Погледни ја целата серија: SELENA