Три бронзи за каратистите на Макпетрол членови на сениорската репрезентација на Македонија - „Златен појас“ во Чачак
- Детали
- понеделник, 30 март 2026
Викендов се одржа најстариот европски Меѓународен карате турнир 55 -ти по ред „Златен појас“ во Чачак, Србија. Македонија на овој турнир беше поканета и настапи со 15 спортисти од поширокиот список на сениорската репрезентација.
Во Чачак имаше силна конкуренција на пријавени Официјални репрезентации од 22 држави, од Балканот и Европа.
Карате репрезентативци од “Макпетрол”
Каратистите на “Макпетрол” одлично се преставија на овој регионално најсилен европски карате турнир. Успеаja да освоjат три бронзени медали, иако можеше успехот да биде и поголем. Добар впечаток остави Петар Заборски (-75кг), кој беше и тренер и спортист на овој турнир, тој имаше вкупно 4 победи и еден пораз ( 0-0 ), загуби на изјаснување во полуфиналната борба. Репрезентативките Викторија Јовановска и Јована Мицовска, исто така прикажаа модерен карате пристап и одлична форма. Добар впечаток остави и младиот спортист Андреј Стојчевски (-60кг), кој освои сребрен медал. Спортистите од Данило Божович (-84 кг) и Вукашин Јованович (-67кг) овој пат не успеаја да освојат медали.
Медалите ги освоија:
1.Петар заборски (-75 кг),
2.Викторија Јовановска (-68 кг) и
3.Јована Мицовска (-61 кг)
4. Андреј Стојчевски (-60 кг)
Сениорска карате репрезентација на Мaкедонија “Златен појас на Чачак” 2026



