Златната тајна за заштитена, хидрирана и еластична кожа по 50-тата година
- Детали
- четврток, 02 април 2026
Со текот на годините, еластичноста на кожата постепено се намалува, а брчките стануваат сè поизразени. Овие промени се природен дел од животниот циклус на кожата, и знак дека ѝ е потребна поинаква нега со правилно избрани формули за одржување на нејзината еластичност, хидратација и природен сјај.

Дневната крема Eucerin Hyaluron-Filler + Elasticity SPF 30 е создадена токму со таа цел, да биде сојузник на зрелата кожа во секојдневниот живот. Во еден чекор нуди интензивна хидратација, видливо подобрување на еластичноста и сигурна заштита од УВ зраците, кои се еден од главните надворешни фактори за предвремено стареење на кожата.
@eucerin.nmk Годините не можеме да ги запреме…Но затоа на кожата можеме да и ја дадеме најдобрата грижа и нега што ја заслужува! Eucerin Hyaluron-Filler+Elasticity ги пополнува длабоките брчки и го враќа природниот сјај.
♬ original sound - Eucerin North Macedonia - Eucerin North Macedonia
96% од корисничките потврдуваат дека нивната кожа изгледа помлада и поцврста со видливо пополнети брчки. Една од нив е и позната водителка Билјана Дебарлиева, која веќе неколку години секојдневно ги користи производите за нега на лице со Collagen-Elastin Complex за зголемување на еластичноста на кожата, хијалуронска киселина и патентираната состојка Thiamidol® на Eucerin.
„Со текот на годините научив дека мојата кожа секогаш ми покажува кога ѝ е потребно малку повеќе внимание. Како водителка, која секојдневно е пред камера, многу ми е важно кожата да изгледа свежо, негувано и добро хидрирано. Кога ја користам дневната крема со заштитен фактор од линијата Eucerin Hyaluron-Filler + Elasticity, чувствувам дека кожата ми е длабоко хидрирана, мека и видливо поцврста.
Она што особено ми се допаѓа е што кремата помага кожата да изгледа помладо, ги намалува темните дамки и ги пополнува видливите брчки, додека тенот делува поизедначено и посјајно. Формулата комбинира хијалуронска киселина, комплекс колаген-еластин и моќна комбинација од арктиин и креатин, заедно со СПФ 30 за заштита од УВ зраците. За мене ова е совршен дневен чекор во негата на кожата особено кога секој ден сум пред камера. Ја користам редовно, во комбинација со серумот и ноќната крема од златната линија Eucerin Hyaluron-Filler + Elasticity“, сподели Билјана.
Со редовна употреба на производите од линијата Eucerin Hyaluron-Filler + Elasticity, кожата добива континуирана нега која ѝ помага да ја зачува својата цврстина, еластичност и виталност. Производите од линијата се достапни во вашата најблиска аптека, каде што можете да ја пронајдете негата прилагодена на потребите на зрелата кожа и да ја направите секојдневната рутина вистински момент на грижа за себе.