До 40% пониски сметки и вреден подарок: ЕДС со понуда што носи реална заштеда за бизнисите

Компаниите добиваат нова можност за значително намалување на трошоците за електрична енергија, преку најновата понуда на ЕДС.

do-40-poniski-smetki-i-vreden-podarok-eds-so-ponuda-shto-nosi-realna-zashteda-za-biznisite-01.jpg

Со склучување договор на 24 месеци со фиксна цена, бизнисите можат да заштедат до 40% на сметките за струја, додека истовремено добиваат и инвертер клима уред како подарок во вредност од 25.000 денари.

Оваа комбинација на заштеда и додадена вредност ја прави понудата особено атрактивна за малите и средни претпријатија, кои се најчувствителни на промени во трошоците.

„Нашата цел е да понудиме решенија кои носат реална вредност за клиентите. Оваа кампања не е само заштеда – таа е комбинација од стабилност, ефикасност и дополнителна корист за компаниите,“ истакна главниот извршен директор на ЕДС, Александар Сарџовски.

Од ЕДС потенцираат дека инвертер клима уредот како подарок има и дополнителна вредност, бидејќи овозможува поефикасно користење на енергијата и придонесува за намалување на трошоците за ладење и греење.

ЕДС, дел од најголемата енергетска компанија во Југоисточна Европа – PPC Group, е снабдувач со електрична енергија кој успешно работи на пазарот повеќе од една деценија.

Најчитани неделава