Ова е понудата на dm што не се пропушта: подарок ebelin гуа ша камен за свежина, релаксација и блескав тен
- Детали
- понеделник, 06 април 2026
Под слоганот „Штедам, негувам, добивам!“, со купување производи за нега на лице во вредност над 999 денари во која било dm продавница, купувачите добиваат подарок - ebelin гуа ша камен за лице од розов кварц, а понудата важи до 15 април или до истекот на залихите. Негата на лицето е повеќе од секојдневна рутина, таа е време посветено на себе, на убавината и на чувството на свежина и самодоверба. Токму затоа, dm подготви понуда што ги спојува поволните цени, квалитетната нега и дополнителното уживање во секојдневните ритуали за нега и убавина.

Гуа ша каменот од розов кварц е идеален избор за релаксирачка и ревитализирачка нега на кожата. Има посебно обликувана површина што овозможува удобно користење на различни делови од лицето. Може да се употребува самостојно, но и за соодветно нанесување на серуми, масла и креми за лице, со што секојдневната рутина на нега станува уште попријатна и поефикасна.
Со редовна употреба, масажата со гуа ша камен од розов кварц може да придонесе за стимулирање на циркулацијата, посвеж и посјаен изглед на кожата, како и за намалување на отокот и задржувањето течности на лицето. Благите движења со каменот помагаат во опуштање на напрегнатите мускули на лицето, а кожата добива порамномерен, одморен и негуван изглед. Воедно, користењето гуа ша камен може да ја направи рутината за нега вистински момент за релаксација и грижа за себе.
За да се постигне пријатно и ефикасно користење, се препорачува лицето и каменот претходно да бидат добро исчистени. За дополнително освежување, гуа ша каменот може да се чува во фрижидер, со што студениот ефект станува уште поизразен и особено пријатен при утринска нега.
Пред масажата, на кожата пожелно е да се нанесе серум, масло или крема, за каменот лесно да лизга по лицето. На тој начин, масажата е понежна и поудобна, а производот за нега рамномерно се распределува. Доколку во текот на користењето каменот стане сув, може повторно да се нанесе мала количина од избраниот производ.
Масажата најчесто започнува во пределот на брадата и вратот, каде што каменот се поставува со пошироката страна и со нежни движења се лизга надолу по вратот, од едната кон другата страна. Потоа се продолжува на лицето, така што движењата одат од централниот дел кон надвор. Од пределот на носот, каменот нежно се движи кон образите, прво на едната, а потоа и на другата страна, додека движењата од коренот на носот нагоре кон челото придонесуваат за чувство на свежина и поттикнување на лимфната дренажа.
Особено внимателна треба да биде масажата во зоната околу очите. Во овој дел, најнапред се нанесува дополнителна количина серум, а потоа со нежни и прецизни движења каменот се лизга под очите, од внатрешниот кон надворешниот дел. На тој начин, масажата станува пријатен чекор во рутината кој придонесува за освежен изглед на лицето.
Дополнително, производот доаѓа со практична торбичка за чување изработена од 100 отсто памук, што го прави уште попрактичен за секојдневна употреба и чување.
Покрај dm марките, во продавниците е достапен и широк избор на производи за нега на лице од брендови како Garnier, Mixa, Hada Labo, Ziaja, L’Oréal и многу други. Во dm, купувачите можат на едно место да изберат производи за нега кои најдобро одговараат на нивните потреби и навики, по секогаш поволни цени.