Протеинска ужина за вашето Велигденско патување: Идеи за здрави закуски од Виталиа

За илјадници Македонци, празничниот период околу Велигден е совршена можност за викенд прошетки, уживање во природа и квалитетно време на отворено. Ако сте и вие еден од нив, не заборавајте добро да се подготвите: топла облека, полнач за телефон, доволно вода (во шише што може повторно да се користи) и секако здрава и вкусна ужина од Виталиа, која ќе ви даде енергија за вашата пролетна авантура.

proteinska-uzhina-za-vasheto-veligdensko-patuvanje-idei-za-zdravi-zakuski-od-vitalia-01.JPG

По периодот на пости, важно е постепено да се вратите во баланс со лесни, хранливи и енергетски вредни оброци. Токму затоа, протеинските производи се одличен избор за во движење. Тие заситуваат, даваат стабилна енергија и ве одржуваат фокусирани во текот на денот.

За совршен почеток на денот, изберете протеинска овесна каша од Виталиа во комбинација со млеко или јогурт  брз, вкусен и практичен појадок кој нема да ве оптовари, а ќе ви даде доволно енергија за вашата авантура. Со висока содржина на протеини и само 1 грам шеќер по порција, ова е идеална опција за активен ден.

Доколку сакате нешто покрцкаво, протеинска гранола е одлична алтернатива. Во вкусови како кокос/бадем и темно чоколадо/шумско овошје, таа нуди совршен баланс помеѓу уживање и нутритивна вредност  идеална за сите генерации.

proteinska-uzhina-za-vasheto-veligdensko-patuvanje-idei-za-zdravi-zakuski-od-vitalia-03.JPG

Кога сте на пат и немате време за цел оброк, практичните закуски се незаменливи. Протеинските топчиња од Виталиа, богати со протеини од грашок и достапни и во вегански варијанти, се одличен избор за брза енергија. Протеинските барови, пак, се совршени за носење  компактни, вкусни и секогаш при рака. А доколку сакате да пробате нешто ново, не пропуштајте го протеински бар со ф’стак  комбинација која ќе ве освои на прв залак.

proteinska-uzhina-za-vasheto-veligdensko-patuvanje-idei-za-zdravi-zakuski-od-vitalia-02.JPG

Со Виталиа, секое Велигденско патување станува уште поубаво. Со повеќе енергија, подобар баланс и уживање без компромиси.

Најчитани неделава