Саем на книга, место каде младите ја откриваат убавината на книгите

Саемот на книга има  посебно значење за младите, особено денес во денешниот дигитален свет.  Буди чувство кое не може да се добие на дигиталните платформи. За разлика од е-книгите, дигиталните библиотеки и онлајн продавниците, саемот на книга ги спојува традицијата со современоста на начин кој ги зближува луѓето и го збогатува нашето културно искуство.

saem-na-kniga-mesto-kade-mladite-ja-otkrivaat-ubavinata-na-knigite-01.JPG

За студентите и младите луѓе, саемот на книга претставува прозорец кон нови светови!  Нуди многу нови едукативни изданија и книги, различни приказни кои одговараат на интересите, емоционалните и интелектуални потреби на младите. Особено важно во денешниот брз свет, каде што многу млади луѓе имаат тенденција да поминуваат повеќе време на социјалните мрежи или со играње игри. Саемот на книга не е само место за продажба на книги, туку културен настан кој ја слави литературата и креативноста. Поттикнува чувство на заедништво и ги охрабрува луѓето да се вклучат во литературата на подлабоко ниво.

Читањето книга бара време и внимание, квалитети кои се повеќе недостигаат во дигиталната ера. Посетувањето саем на книга им овозможува на луѓето повторно да ја откријат радоста од губењето во приказната и ги повикува читателите да се нурнат во нејзиниот свет, откривајќи ја убавината што книгите ја носат во себе. Оваа поврзаност со книгите придонесува за развој на внимателноста и позитивно влијае врз менталното здравје.

И оваа година имаме можност да ја доживееме оваа приказна на Саемот на книга, кој ќе се одржи под мотото „Отвори прозорец кон нови светови“ во Скопје, во арената „Борис Трајковски“, од 23 до 29 април. Целта е да ги спои луѓето и заедно да бидеме дел од културен настан кој претставува доказ за безвременските вредности што будат носталгија, радост и инспирација, потсетувајќи не колку читањето е здрава и значајна навика.

saem-na-kniga-mesto-kade-mladite-ja-otkrivaat-ubavinata-na-knigite-02.JPG

„Саемот на книга во Скопје е еден од најважните културни настани што ја поттикнуваат читачката култура и создаваат простор за средба меѓу авторите, издавачите и читателите. Како празник на книгата воедно дава можност читателите да се сретнат со приказните што ги сакаат – и со луѓето што стојат зад нив. За нас, тоа не е само место за претставување нови изданија, туку и можност за дијалог, размена на идеи и градење нова публика. Очекуваме инспиративни средби, силна читателска енергија и зголемен интерес за квалитетната литература”, изјавиja од издавачка куќа ,,Светулка"

Книгите се повеќе од извори на информации, тие се носители на култура, историја и имагинација. Приказните што ги читаме ја обликуваат нашата перспектива, влијаат врз нашето размислување и не поврзуваат со различни времиња, места и луѓе.

„Со голема радост и возбуда и оваа година сме дел од Саемот на книга – едно од најубавите места каде што се среќаваат книгите, авторите и читателите. Со нашите изданија од различни жанрови ќе ги доближиме до читателите делата што ја претставуваат нашата култура, како и книги наменети за деца и љубители на литературата. За нас, овој саем не е само место за изложување книги, туку и можност за запознавање со читателите, разговори и споделување на заедничката љубов кон книгата. Посакуваме саем исполнет со нови книги, нови пријателства и убави средби. Ве очекуваме на нашиот штанд” изјави издавачот Јени Балкан.

Најчитани неделава