Мелани Тарчуловска: „Му бев лута на татко ми што беше во Хаг“

Да се биде дете на познати родители не значи лесен пат – напротив, често значи двојно повеќе докажување. Во емисијата „Нешто конкретно“, младите гости отворено проговорија за притисокот што го носи презимето, откривајќи лични приказни што ретко се слушаат во јавноста.

melani-tarchulovska-mu-bev-luta-na-tatko-mi-shto-beshe-vo-hag-01.JPG

Мелани Тарчуловска, ќерката на Јохан Тарчуловски и пејачката Соња, искрено призна дека како помала дури и криела дека пее – само за да избегне притисок и очекувања. „Не сакав никој да ме гледа низ призмата на тоа чие дете сум“, откри таа.

Таа проговори и за емоциите од детството, признавајќи дека му била лута на својот татко што бил во Хаг, наместо дома – нешто што со текот на времето го разбрала поинаку.

melani-tarchulovska-mu-bev-luta-na-tatko-mi-shto-beshe-vo-hag-02.JPG

Во поопуштен тон, Мелани раскажа и ситуација која ја насмеа публиката – нејзиниот татко сакал подобро да го запознае нејзиниот дечко, па го однел насамо на возење за „машки муабети“.

Слична искреност покажа и Нела Павловска, ќерката на Тања Кочовска и Предраг Павловски, која откри дека не ѝ било дозволено да студира глума, па од бунт заминувала од дома и престојувала кај баба ѝ.

melani-tarchulovska-mu-bev-luta-na-tatko-mi-shto-beshe-vo-hag-03.JPG

Во еден од најемотивните моменти, за што с егорди на воите родители-Нела истакна дека е особено горда на својот татко, кој никогаш не направил разлика меѓу неа и нејзиниот брат, иако не му е биолошки син. „Таа љубов е нешто што не се мери“, рече таа.

Огнен откри дека неговиот пат не бил планиран – сакал да свири виолина како неговиот вујко Зоран Џорлев , но по повреда на раката морал да се откаже. Кларинетот не му одговарал, па сосема спонтано се пронашол во пеењето. Со насмевка додаде дека неговата мајка, Софче Џорлева, е многу пребирлива кога станува збор за снаа. Ако таа се прешува ни една не доволно добра за мене!

melani-tarchulovska-mu-bev-luta-na-tatko-mi-shto-beshe-vo-hag-04.JPG

Филип Нацоски, пак, признал дека иако има музички талент како неговиот брат Благој, сепак избрал поинаков пат и станал спортски новинар.Признав дека ми е криво што не сум музичар-додаде

Гостите се согласија во едно – најголемиот предизвик не е тоа што имаат познати родители, туку што постојано се соочуваат со предрасуди. „Никој не ти го признава талентот од прва – секогаш си таму поради презимето“,Но веруваат дека само ако доволно добро работат можат да бидат тоа што се- беше нивниот заеднички заклучок

Целата епизода во продолжение:

 

Најчитани неделава