Спектакл во Casa Bar: Liquid Runway ја претвори Боемска во светска модна писта
- Детали
- петок, 10 април 2026
Во средата вечер (08.04), пред внимателно одбрани гости, Casa Bar беше домаќин на Liquid Runway: Cocktails in Motion – префинето искуство што ја потврди позицијата на Casa Bar како еден од најиновативните и највлијателни hotspots на градската сцена.

Боемска улица за една вечер се претвори во светска модна писта, каде што вкусот, стилот и движењето се споија во едно. Liquid Runway: Cocktails in Motion претставуваше поинаков, креативен начин на лансирање на новото коктел мени – искуство што ги поместува границите на класичната презентација.

Во центарот на вниманието беше уникатниот концепт: секој коктел доби своја модна интерпретација, преточена во впечатливи креации од реномирани домашни дизајнери – Кокев, Марков, Терзија и MNML by Nana. Со ова, модата и миксологијата не само што се сретнаа, туку создадоа нов јазик на изразување – визуелен, сензуален и незаборавен.

Вечерта беше свечено отворена од Нина Ред, која со своето присуство внесе дополнителна енергија во настанот.

Настанот обедини бројни соработници, инфлуенсери и јавни личности, создавајќи атмосфера на ексклузивност и гламур што ретко се доживува. Секој детаљ беше внимателно куриран, претворајќи ја вечерта во комплетно искуство – од првиот чекор на пистата, до последниот коктел.

Во духот на вредностите што ги негува Casa Bar, креациите од ревијата ќе добијат и хумана димензија преку нивна донација, додавајќи подлабоко значење на целата приказна.

Liquid Runway: Cocktails in Motion не беше само ревија – беше движење. И најава за нова ера на искуства во Casa Bar.
Во продолжение погледнете повеќе фотографии од Liquid Runway: Cocktails:









