dm отвора нова продавница во Струга на 23 април

На 23 април 2026 година (четврток), со почеток од 10 часот, dm ги отвора вратите на својата нова продавница во Струга, во Nabizi Retail Park на улица Попово Блато бр. 1.

dm-otvora-nova-prodavnica-vo-struga-na-23-april-01.jpg

Во новата продавница, покрај СЕКОГАШ ПОВОЛНО цените, купувачите ќе може да уживаат и во попуст од -15% на АПСОЛУТНО СЀ, кој ќе трае од 23 па сѐ до 26 април!

Покрај ова, на денот на отворањето, купувачите ќе може да уживаат и во дополнителни изненадувања:

подарок Balea гел за туширање, со секоја сметка над 499 денари

подарок торба, со секоја сметка над 699 денари

подарок пешкир, со секоја сметка над 1.999 денари

Подароците се делат само на 23 април, до истек на залихи, а летокот за отворањето може да го погледнете на следниот линк.

На денот на отворањето, купувачите на dm ќе бидат пречекани и во супер весела атмосфера со DJ и забава за децата!

Општествената одговорност на dm како компанија ни овој пат нема да биде изоставена. Дел од остварениот промет на денот на отворањето ќе биде дониран во ЈОУДГ„8-ми Март“ - Струга

Во новата dm продавница во Струга, купувачите ќе можат да избираат од богат асортиман со речиси 13.500 производи од категориите нега и убавина, нега за мажи и бебиња, природна козметика, органска храна и додатоци во исхрана, како и производи за хигиена во домот и нега на алишта. Внимателно креираната понуда овозможува едноставно и практично пазарување, со бројни производи за секојдневните потреби на едно место.

Посебно место во асортиманот имаат и сопствените трговски марки на dm, со повеќе од 3.000 производи кои се издвојуваат по проверен квалитет и секогаш поволни цени. Balea, alverde, dmBio, babylove, Denkmit, dmBio и многу други брендови им се добро познати на купувачите и претставуваат важен дел од препознатливата dm понуда.

Најчитани неделава