Виктор Митровиќ и Баже Колев со нова визија: Aura Dominion Records подготвува голем исчекор на електронската сцена
- Детали
- вторник, 28 април 2026
Виктор Митровиќ, внукот на Зоки Фаци, еден од основачите на македонскиот шоу-бизнис, заедно со Баже Колев во финална фаза со спектакуларен електронски настан што ќе ја раздвижи сцената.
Viktor Mitrovikj, внук на Zoki Faci, човек кој остави силен белег во медиумскиот и шоу-бизнис просторот, започнува ново поглавје во современата забава. Наместо таблоиди и медиуми, овојпат фокусот е ставен на музиката, продукцијата и големите настани.
Заедно со Baže Kolev, како основачи на Aura Dominion Records, најавуваат сериозен проект кој има цел да внесе нова енергија на домашната електронска сцена и да понуди поинакво искуство за публиката.
Првиот настан, според најавите, ќе биде организиран со внимателно избран line-up од шест диџеи, меѓу кои и интернационално познати имиња со високи светски рангирања. Концептот е насочен кон квалитетен техно и хаус звук, модерна продукција и атмосфера каква што ретко се гледа во регионот.
Од тимот откриваат дека ова е само вовед во поголем план. Во иднина, секој нивни настан ќе вклучува повеќе домашни и странски артисти, силна визуелна продукција и стандарди блиски до европските фестивали.
Се очекува голем интерес од публиката, а како дел од стратегијата ќе има и соработки со локални компании, промотивни поволности и активности што директно ќе придонесат и за локалниот бизнис сектор.
Покрај организацијата на настани, Aura Dominion Records планира да развива и сопствен медиумски бренд преку YouTube содржини, vlog формати од зад сцената, интервјуа и музички подкаст посветен на електронската култура.
Во следната фаза, проектот ќе се прошири со open-air фестивали, летни спектакли и големи арена-настани, со амбиција регионот да добие продукција која ќе може да конкурира и надвор од границите.
Со јасна визија, модерен пристап и сериозни амбиции, Aura Dominion Records најавува дека допрва ќе се слуша за нив.