На 20 и 21 јуни по шести пат ке се оддржи фестивалот Пикник у Пелинце
- Детали
- среда, 29 април 2026
Подгответе се за викенд што ќе се памети! На 20 и 21 јуни, во магичниот амбиент на Меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце, по шести пат ке се оддржи фестивалот Пикник у Пелинце.

Оваа година фестивалот оди чекор погоре – како главен хедлајнер доаѓа светски познатиот DJ James Zabiela, британска ѕвезда позната по својот уникатен спој на progressive house, techno и breakbeat, како и неговите легендарни live сетови и иновативни ефекти зад пултот. Zabiela е име што настапува на најголемите светски фестивали – а сега доаѓа директно во Пелинце.
Фестивалот „Пикник у Пелинце” е целодневен летен музички настан кој се одржува секое лето, а ова ќе биде неговото шесто издание. Покрај музиката, посетителите можат да очекуваат богата програма која опфаќа уметност, игри, храна и пијалоци, а предвидена е и камп зона за сите кои сакаат да го продолжат доживувањето и преку ноќ.
На настанот ке настапат и Македонски како и диџеи од Србија како што се: Darija, Tamara Pesic i Mark Asgier.
Исто така на самиот настан ке има камп зона за сите оние што сакаат да кампуваат исто така и разовиден food corner, chill zone, активности за деца, како разни дрштвени игри.
Ако бараш вистински фестивал под отворено небо, со топ артисти, добра енергија и публика што знае да ужива – ова е твоето место.
Се гледаме на Пикник у Пелинце!
Повеќе инфо: www.piknikupelince.mk