Маја Глигоровска: „Нормално е девојка да не плаќа влез во диско – веќе вложила во себе“

Последната епизода на „Нешто конкретно“ донесе интересна тема, но и неочекувани исповеди од гостите.

maja-gligorovska-normalno-e-devojka-da-ne-plakja-vlez-vo-disko-vekje-vlozhila-vo-sebe-4.JPG

Темата беше непопуларна – дискриминација на мажите, а Снеже Велков на гостите им поставуваше тези со цел да се разоткрие вистината. Така, сите ја освестија појавата дека најчесто мажите плаќаат влез на врата, додека девојките или се пуштаат без да платат или за нив плаќаат момците. На тоа Маја Глигоровска заклучи:

„Па нормално е да не плати – веќе инвестирала во себе со тоа што се појавила и тоа е во ред.“

На тоа се надоврза Иван Јованов од Либеро бенд:

„А вие знаете дека од тие влезници некој заработува за да однесе дома леб? Така се одржуваат клубовите и не е во ред некој да плаќа, а некој не.“

maja-gligorovska-normalno-e-devojka-da-ne-plakja-vlez-vo-disko-vekje-vlozhila-vo-sebe-3.JPG

Тој додаде дека денес девојките се научени мажот да плаќа, а ако нема – не е „потенцијал“.

Поранешната манекенка Викторија Јаначковиќ беше сосема директна:

„Не може, бре сестро, да бараш маж што има сè, а ти да не нудиш ништо!“

maja-gligorovska-normalno-e-devojka-da-ne-plakja-vlez-vo-disko-vekje-vlozhila-vo-sebe-2.JPG

Темата продолжи во насока кого повеќе го казнуваат полицајците – мажите или жените, па Јаначковиќ ја раскажа својата ситуација кога била во поодмината бременост и била запрена од полицаец кој се однесувал дрско со неа:

„Ме гледа дека сум трудна, почна да ми објаснува што треба, што не треба, морав и да излезам од кола… имав чувство дека намерно ме малтретира.“

Разговорот продолжи со хипотетичка ситуација – што ако останат без работа. Во тој контекст, Иван од Либеро бенд откри дека пред неколку месеци повторно бил на операција на грлото. Првиот пат било поради бениген тумор, а вториот, како што вели, поминал полесно.

„Но многу е мачно кога не зборуваш, кога не си го слушаш гласот – не знаеш дали ќе пропееш повторно.“

maja-gligorovska-normalno-e-devojka-da-ne-plakja-vlez-vo-disko-vekje-vlozhila-vo-sebe-1.JPG

Тој нагласи дека неговата сопруга му била најголема поддршка:

„Издржав поради неа. Знам дека што и да ми се случи, таа ќе најде решение – па и да не можам да пејам повеќе.“

Докторот Злате Мехмедовиќ, пак, ставен во ситуација да избира меѓу некомпетентност и почитување на родова застапеност, беше јасен:

„Не трпам некомпетентност – што сака нека биде!“

Целата епизода е достапна во продолжение:

Најчитани неделава